Затоа зборувај со нив и кажи им – вака вели Господ Бог: »Ако некој од домот Израилев дозволи во срцето свое да има идоли и така со тоа да го соблазнува своето бесчестие, па дојде при пророк, – па зар Јас, Господ, можам ли, при толку многу идоли да му дадам одговор?
Зашто, ако некој од домот Израилев и од придојдените кои живеат при Израилот, се откаже од Мене и допушти во срцето свое да има идоли и со тоа пред лицето свое бесчести, па дојде при пророк за да ме праша преку него, – па зар Јас, Господ, треба ли да му дадам одговор од Себе?
Ако, пак, пророкот дозволи да се измами и каже збор така како Јас, Господ, да сум го научил тој пророк, тогаш Јас ќе ја протегнам раката Своја против него и ќе го истребам од народот мој, од Израилот.
та во иднина домот Израилев да не се отклонува од Мене и да не се осквернува веќе себеси со секакви свои беззаконија, туку да бидат Мој народ и Јас да бидам нивни Бог, – вели Господ Бог.
»Сине човечки, ако некоја земја ќе згрешеше пред Мене, вероломно отстапувајќи од Мене, и Јас ја протегнам врз неа раката Своја, ја уништував при неа лебната потпора, праќав врз неа глад и почнував по неа да ги погубувам луѓето и добитокот,
тоа тројцата тие мажи во неа да се – жив сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките, а само тие би се спасиле, земјата пак би останала пуста.
тоа Ное, Даниил и Јов среде неа – жив да сум Јас, вели Господ Бог, не би ги спасиле ни синовите ни ќерките; со својата праведност тие би ги спасиле само своите души.«
Зашто така вели Господ Бог: »Ако и четирите мои тешки поразии – мечот и гладот, лутите ѕверови и поморот – би ги пратил врз Ерусалим за да истребуваат во него луѓе и добиток,
и тогаш ќе остане во него само остатокот на синовите и ќерките, што нема да бидат изведени оттаму; ете, тие ќе дојдат при вас и вие ќе го видите поведението нивно и делата нивни, па ќе се утешите за онаа беда, што ја пратив врз Ерусалим, за сѐ што пратив врз него.
Тие ќе ве утешат, кога ќе го видите нивното поведение и делата нивни; и ќе познаете дека не залудо Јас го извршив сето тоа, што го извршив во него«, вели Господ Бог.