Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| И би слово Господово до мене: |
| 2 |
| »Сине човечки, какво предимсто има дрвото од лоза пред секое друго дрво, и прачките од лозата пред гранките од дрвјата во гората? |
| 3 |
| Зар се зама од него парче за некаква изработка; земаат ли од него барем некаков клин, за да закачат на него некоја работа? |
| 4 |
| Ете, го фрлаат во оган за да изгори; двата краја огнот му ги подгорува, па му ја изгорува и средината; може ли да стане од него нешто за некаква изработка? |
| 5 |
| И кога би било цело, не станува збор за некаква изработка; а уште повеќе, кога огнот ќе го подгори и го обгори, па ќе биде ли тоа за некаква изработка? |
| 6 |
| Затоа, вака вели Господ Бог: – како што дрвото од лоза меѓу горските дрвја го предадов на оган, за да изгори, така нему ќе му ги предадам и ерусалимските жители. |
| 7 |
| И ќе го свртам лицето Свое против нив, од еден оган ќе излезат и друг оган ќе ги проголта, па ќе познаете, дека Јас сум Господ, кога ќе го свртам лицето Свое против нив. |
| 8 |
| И ќе ја направам таа земја пустиња, затоа што постапија вероломно«, вели Господ Бог. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/ezekiel/015.mp3
48
15