ти згреши со крвта што ја пролеа, и ти се онечисти со идолите што ги направи, скратувајќи ги така своите денови и забрзувајќи ги своите години. И затоа сега ќе те направам срам меѓу народите, потсмев по сите земји.
Едниот прави гадост со жената на својот сосед, другиот со срамно дело ја обесчестува својата снаа, а третиот во тебе ја изнасилува сестрата, ќерката на својот татко.
Како што се собира среброто, бронзата, железото, оловото и калајот во печка, та наоколу се раздувува огнот, за да се растопи сè така и Јас ќе ве соберам во Својот гнев и во својата јарост, ќе ве сложам и ќе ве растопам.
Во нејзината средина има заклетви од пророци, како лавовите што рикаат и што го раскинуваат пленот, ги голтаат луѓето, им ги одземаат богатството и скапоценостите, множејќи ги вдовиците сред неа.
Нејзините свештеници не го почитуваат Мојот Закон и ги обесветуваат Моите светини, не разликувајќи го светото од несветото, не учејќи се да го разликуваат нечистото од чистото. Ги занемарија моите саботи, без чест Сум во нивната средина.
А нејзините пророци сето тоа го премачкуваат со белило и го покриваат со суетни виденија и со лажни пророкувања, велејќи: ‘Господ Бог зборува вака:’ а Господ не го рече тоа.