×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Језекиил 25

1
И би слово Господово до мене:
2
»Сине човечки«, сврти го лицето свое кон синовите Амонови и кажи пророштво против нив,
3
и речи им на синовите Амонови: »Чујте го словото на Господа Бога: така вели Господ Бог – бидејќи за Моето светилиште се вели: ‚о, о,‘ а тоа е навреда и за Израилевата земја, оти таа е опустошена, и за домот Јудин, бидејќи тие отидоа во ропство.
4
Затоа, еве, Јас ќе те дадам во наследство на синовите од Исток и ќе направат при тебе колиби, ќе распнат кај тебе шатори и ќе ги јадат плодовите твои и ќе го пијат млекото твое.
5
Рава ќе ја направам обор за камили, и синовите Амонови – овчари, па ќе познаете, дека Јас сум Господ.«
6
Затоа вака вели Господ Бог: »Бидејќи ти плесна со рацете и тропна со ногата, со сиот презир кон земјата Израилева, душевно се зарадува,
7
еве, Јас, ќе ја протегнам раката Своја против тебе и ќе те предадам да те разграбаат народите, и ќе те истребам од бројот на народите и ќе те избришам од бројот на земјите; ќе те уништам и ќе познаеш, дека Јас сум Господ.«
8
Така вели Господ Бог: »Бидејќи Моав и Сеир велат: ете и домот Јудин е како сите народи.
9
Еве, Јас ќе ја откријам земјата Моавска од крај до крај, за да остане без градовите што им беа украс на земјата: Бет – Јесимот, Валмеон и Киријатаим,
10
за синовите од Исток и ќе им го дадам во наследство заедно со синовите Амонови, та синовите Амонови да не се спомнуваат повеќе меѓу народите.
11
И Моав ќе го судам, па ќе познаат, дека Јас сум Господ.«
12
Така вели Господ Бог: Бидејќи Едом жестоко му се одмаздуваше на домот Јудин и тешко згреши, со тоа што им се одмаздуваше,
13
вака вели Господ Бог: »Ќе ја протегнам раката против Едом и ќе ги истребам при него луѓето и добитокот и ќе го направам пустиња. Од Теман до Дедан, сите ќе паднат од меч.
14
И ќе му се одмаздам на Едом преку раката на Мојот народ, Израилот; и тие ќе дејствуваат во Идумеја по Мојот гнев и Моето негодување, па ќе го познаат Моето одмаздување«, вели Господ Бог.
15
Така вели Господ Бог: »Затоа што Филистејците постапија со одмазда и се одмаздуваа со презир во душата за погибел, со вечна омраза,
16
така вели Господ Бог – еве, ќе ја протегнам раката Своја над Филистејците, ќе ги истребам оние од Крит и ќе го уништам нивниот остаток покрај морскиот брег;
17
и ќе извршам над нив голема одмазда со жестоки казни; па ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе го извршам над нив Моето одмаздување.«
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки