»Сине човечки, кажи му на началникот на Тир – вака вели Господ Бог: затоа што го издигна срцето свое и велиш: ‚Јас сум бог, седам на божји стол, во срцето на морињата‘, и бидејќи човек си, а не бог, го заменуваш твојот ум со умот на Бога,
еве, Јас ќе доведам против тебе другоземци, највешти меѓу народите, и тие ќе ги извадат своите мечеви против убавината на твојата мудрост и ќе го помрачат твојот блесок;
ти беше во Едем, во Божјата градина; твоите облеки беа украсени со секакви скапоцени камења: рубин, топаз, дијамант, хризолит, оникс, јаспис, сапфир, карбункул, смарагд и злато, сите вешто исткаени и нанижани на тебе, приготвени во денот кога беше создаден.
Од твојата проширена трговија утробата твоја се исполни со неправда и ти згреши; и Јас те соборив како нечист од Божјата гора, те истерав тебе, херувиме, што осенуваше, среде огнени камења.
Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, поради богатството твое си ја загуби мудроста своја; затоа Јас ќе те соборам на земја, ќе те предадам на потсмев пред царевите.
Со многуте гревови свои во неправедната твоја трговија ти ги оскверни твоите светилишта; и Јас ќе пуштам оган пред тебе, што ќе те проголта; и Јас ќе те претворам во пепел на земјата пред очите на сите, што ќе те видат.
Ете Јас сум против тебе, Сидоне, и ќе се прославам во тебе и ќе познаат дека сум Јас Господ, кога ќе одржам суд над него и ја покажам во него Мојата светост.
И ќе пратам во него помор и крв на улиците негови и ќе паднат среде него убиени од меч, кој ќе ги нападне сите одреда и ќе познаат, дека Јас сум Господ.
И во иднина тој нема да биде бодлив трн за домот Израилев и причинител на болка трнлива, повеќе од сите соседи што му сакаат зло и ќе познаат, дека Јас сум Господ Бог.«
Така вели Господ Бог: кога ќе го соберам домот Израилев меѓу народите, кај кои се распрснал и ќе ја објавам кај нив светоста Своја пред очите на племињата и тие заживеат во земајта своја, која му ја дадов на Мојот слуга Јакова,
тогаш ќе живеат во неа безопасно и ќе си изградат куќи, ќе насадат лозја и ќе живеат во безопасност, зашто ќе извршам суд над сите наоколу што ги презираа. И тогаш ќе разберат дека Јас сум Господ Бог нивни.