»Сине човечки, изречи пророштво против пастирите Израилеви, изречи пророштво и кажи им на пастирите – вака вели Господ Бог: тешко на пастирите Израилеви, кои се пасеа сами себе! Зар пастирите не треба да го пасат стадото свое?
Слаби не поткрепувавте, болни не лекувавте, ранети не преврзувате, истерани не враќавте и загубени не баравте, а управувавте со нив преку насилие и жестокост.
Жив сум Јас, вели Господ Бог: заради тоа што овците Мои беа оставени да бидат разграбени, па, немајќи пастир, станаа плен на сите полски ѕверови, и заради тоа што пастирите не ги бараа Моите овци, бидејќи тие се пасеа сами себе, а Моето стадо не го пасеа,
вака вели Господ Бог: еве, Јас сум против пастирите и ќе ги барам овците Свои од рацете нивни, и нема да им дадам повеќе да ги пасат овците, и пастирите нема повеќе да се пасат самите себе, и ќе ги одземам Моите овци од нивните челусти, и тие веќе нема да бидат нивна храна.
Како што пастирот го проверува стадото свое, во оној ден кога ќе се најде меѓу своето распрснато стадо, така ќе ги прегледам Јас овците Мои и ќе ги ослободам од сите места, каде што биле прснати во ден облачен и мрачен.
Ќе ги изведам од народите и ќе ги соберам од земјите, ќе ги доведам во земјата нивна и ќе ги пасам по планините Израилеви, покрај потоци и по сите места, каде што се живее во таа земја.
Ќе ги пасам на добро пасиште и ќе имаат свое трло на високите Израилеви планини; таму во трлото ќе се одмораат добро и ќе пасат на сочно пасиште, по планините Израилеви.
Зар малку ви е тоа што пасете на добро пасиште, а другиот дел од пасиштето го газите со своите нозе, и пиете чиста вода, додека остатокот ја матите со нозете свои.
И ќе склучам со нив завет за мир и ќе ги премавнам од тој дел на земјата сите лути ѕверови, така што тие ќе живеат мирно во степата и ќе спијат во горите.
И дрвјат во полето ќе го даваат својот плод и земјата ќе ги дава своите производи; и тие ќе бидат во безопаснот на земјата своја и ќе познаат дека Јас сум Господ, кога ќе ги скинам врските на јаремот и ги ослободам од рацете на нивните непријатели.