Во дваесет и петтата година на нашето ропство, во почетокот на годината, во првиот месец, во десеттиот ден, а во четиринаесеттата година откако падна градот, токму во оној ден, Господовата рака се спушти на мене.
И тој човек ми рече: „Човечки сине, гледај со своите очи и слушај со своите уши, запомни сè што ќе ти покажам, зашто си доведен тука за да ти покажам. Извести му на Израелевиот дом сè што ќе видиш тука.”
И ете, здание сето наоколу препашано со ѕид. Човекот држеше во раката мерачка трска од шест лакти, а секој лакот беше подолг од една дланка од обичниот лакот. Тој го измери зданието. Широчина: една трска, височина: една трска.
На собите и на нивните довратници, од внатрешната страна сè наоколу, а исто така и во тремот, имаше прозорци со решетки. Таквите прозорци беа одвнатре сè наоколу, а на полустолбовите, палми.
А таа имаше по три соби од секоја страна, а нивните столбови и тремови со исти мерки како кај првата врата: во должина педесет лакти и во широчина дваесет и пет лакти.
Собите, столбовите и тремовите беа со исти мерки. Вратата и нејзиниот трем имаа прозорци секаде наоколу. Тука беа педесет лакти во должина дваесет и пет лакти во широчина.
Нивните соби, полустолбови и тремови беа исто така со исти мерки. Вратата и нејзиниот трем имаа прозорци секаде наоколу. Во должина беа педесет лакти, а во широчина дваесет и пет.
Нивните соби, полустолбовите и тремовите беа исто така со исти мерки. Вратата и нејзиниот трем имаа прозорци секаде наоколу. Тука беа педесет лакти во должина, а дваесет и пет во широчина.
Потоа ме поведе во внатрешниот двор. Во внатрешниот двор беа две простории: едната беше на страната на северната врата, свртена кон југ, а другата на страната на јужната врата, свртена кон север.
А просторијата што е свртена на север е за свештениците, кои ја извршуваат службата при жртвеникот. Тоа се Садоковите синови, оние помеѓу Левиевите синови, кои што смеат да Му пријдат на Господа за да му служат!”
А потоа ме поведе кон тремот, и ги измери полустолбовите на тремот: беа пет лакти на едната и пет лакти на другата страна. Вратата беше широка три лакти од едната и три лакти од другата страна.