Страничните простории беа една над друга, беа триесет на три ката. Во храмскиот ѕид беа сè наоколу, засеци, за да ги прифатат страничните простории. Така тие не беа вградени во храмскиот ѕид.
Широчината на просториите се зголемуваше од кат до кат, зашто тие се наоколу на катови, го опкружуваа Храмот, а Храмот, одејќи нагоре, оставаше сè поширок простор. Од најдолниот кат се одеше нагоре до најгорниот низ средниот.
Зградата што го затворуваше заградениот простор од запад беше широка седумдесет лакти, а ѕидот на таа градба секаде наоколу беше дебел пет лакти и долг деведесет лакти.
Внатрешноста на Храмот, тремовите на дворот, праговите, прозорците со решетките и ходниците на сите три страни наоколу, спроти праговите, беа сè наоколу обложени со дрво од земјата до прозорците. Прозорците беа покриени.
Пред Светилиштето нешто како жртвеник од дрво: висок три лакта, долг два лакта. Неговите агли, подножјето и страните беа од дрво. И човекот ми рече: „Еве го столот што е пред Господовото лице!”