Третинката изгори ја во средината на градот со оган кога ќе се исполнат деновите на твојата опсада; третинката земи ја и исечи ја со меч околу градот; третинката фрли ја во ветер - и ќе го истргам Својот меч против нив.
Затоа вака зборува Господ Бог: ‘Побунтовни сте од народите кои ве опкружуваат, не одите по Моите закони и не ги исполнувате ни Моите наредби, ни наредбите на околните народи.
среде тебе татковците ќе ги јадат синовите, а синовите татковците, ќе го извршам Својот суд над тебе и сиот твој остаток ќе им го предадам на сите ветрови!
Затоа животот Ми Мој! - Говори Господ Бог - со секакви грозности и гадости ти навистина го обесвети Моето Светилиште. И јас сега ќе те намалам и Моето око не ќе се сожали и нема да се смилува:
третината од твоите жители ќе завршат среде тебе од помор и ќе умрат од глад; третината ќе падне од меч околу тебе; третината ќе им ја предадам на ветровите, и Мојот меч ќе го истргам против нив!
Така ќе го излеам Мојот гнев, и Мојата јарост ќе се смири кога ќе Се задоволам и кога ќе ја излеам Мојата јарост, над нив, ќе сознаат дека тоа Јас, Господ, го реков во Мојата ревност.
Да, ќе бидеш за укор и срам, опомена и ужас за околните народи, кога ќе ги извршам против тебе сите Свои судови казнувајќи гневно, јаросно. Јас, Господ, реков!
И кога на вас ќе ги пуштам лутите стрели на гладот, што сотруваат што ќе ги пуштам на вас, за да ве уништам и за да ве сотрам со глад, ќе ви ја уништам и последната поткрепа во леб.
А освен гладот ќе пуштам на вас и лути ѕверови, што ќе ти ги раскинуваат децата; помор и крв ќе те преплават: ќе те свртам под Својот меч. Јас, Господ, реков!’”