Речи: ‘Израелеви гори, чујте го словото на Господ Бог!’ Господ Бог зборува вака: „Гори и брежиња, ровови и долини, еве, ќе го спуштам мечот врз вас и ќе ги оборам вашите високи места!
Каде и да живеете, вашите градови ќе бидат запустени, високите места ограбени, жртвениците ќе ви запустеат и ќе бидат уништени, вашите кипови ќе бидат оборени и ќе ги снема, вашите столбови ќе бидат здробени, сите ваши дела ќе пропаднат.
Тогаш преживеаните меѓу вас ќе си спомнат за Мене меѓу народите каде што ќе бидат одведени во ропство, кога ќе им го скршам прељубничкото срце зашто се одметна од Мене, и кога ќе им ги ископам блудничките очи зашто отидоа по нивните кипови. И тогаш сами себе ќе се замразат заради беззаконијата што ги направија со своите гадности.
Господ Бог зборува вака: „Плесни со рацете и тропни со нозете та речи: ‘Леле! заради сите гнасни злодела Израелевиот дом ќе падне од меч, од глад и од помор!
и ќе сознаат дека Јас Сум Господ, кога нивните загинати ќе лежат меѓу киповите околу жртвениците на секое повисоко бреже, над сите планински врвови, под секое зелено дрво, под секој разгранчест даб, секаде каде што им се кади со пријатен мирис на нивните кипови.
Рацете ќе ги подигнам против нив, и сета земја ќе им ја претворам во пустина, од пустината до Дивлат, насекаде каде што живеат! И ќе сознаат дека Јас Сум Господ.’”‘“