И Моите очи не ќе те пожалат, нема да ти се смилувам, туку ќе те наградам според твоите патишта, твоите гнасности ќе останат во тебе. И ќе знаете дека Јас Сум Господ.”
Ете, наскоро ќе го излеам гневот врз тебе! И Својата јарост ќе ја излеам врз тебе! Ќе ти судам според твоите патишта и ќе ги оборам врз тебе сите твои гнасности.
И Моите очи не ќе те пожалат, нема да ти се смилувам, туку ќе ти платам според твоите патишта, и твоите гнасности ќе останат во тебе! И ќе сознаете дека Јас Сум Господ, Кој удира.
Своето сребро ќе го исфрлат по улиците, а златото ќе им биде како ѓубре, во денот на Господовиот гнев не ќе ги избават ни среброто ни златото, не ќе можат да им ги ситат душите ниту да им ги наполнат желудниците, зашто се сопнаа врз тоа за грев.
Царот ќе жалее а кнезот ќе го опфати ужас, и рацете на народот ќе се растреперат, зашто ќе ги наградам според нивните патишта и ќе им судам според нивните судови. И ќе знаат дека Јас Сум Господ.”‘“