БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| „Ајде да му се вратиме на Господа! Тој раскина, Тој ќе не исцели: Тој нè рани, Тој ќе ни ги завитка раните; |
| 2 |
| по два дни ќе нè оживее, на третиот ден ќе нè подигне, и ние ќе живееме пред Него. |
| 3 |
| Да се стремиме да Го запознаеме Господа; како утринската зора е Неговото јавување. Тој ќе ни дојде како есенски дожд, како пролетен дожд што ја натопува земјата.” |
| 4 |
| Што можам да сторам за тебе, Ефреме? Што можам да сторам за тебе, Јудо? Вашата побожност е како утрински облак, како рана роса што ја снемува. |
| 5 |
| Затоа ги сечев преку пророците и ги убивав со зборовите на Својата уста; но Твојот суд ќе излезе како светлина. |
| 6 |
| Зашто милоста ја сакам, а не жртви, и познавањето на Бога, повеќе од палениците. |
| 7 |
| Но тие како Адама го прекршија заветот и таму Ме изневерија Мене. |
| 8 |
| Галад е злосторнички град, полн со крвави траги. |
| 9 |
| Свештеничката дружба е како разбојничка заседа: убиваат по Сихемскиот Пат; навистина, прават срам! |
| 10 |
| Ужас видов во Израелевиот дом; таму Ефрем му се предава на блудството и се обесветува Израел. |
| 11 |
| И тебе, Јудо, ти одредив жетва, кога ќе ја свртам судбината на Својот народ. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/hosea/006.mp3
14
6