БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Словото Господово дојде до Јоила, синот Фатуилов. |
| 2 |
| Чујте го ова, старци, послушајте, сите жители на земјата! Дали некогаш било нешто вакво во вашите денови или во деновите на вашите татковци? |
| 3 |
| Речете им го ова на вашите синови, вашите синови на своите синови, а нивните синови на идното колено. |
| 4 |
| Што остави гасеницата, го изеде скакулецот, што остави скакулецот, го изеде црвецот, што остави црвецот, го дојаде бубачката. |
| 5 |
| Разбудете се, пијаници, и плачете! Сите винопијачи, тажете по ново вино: зашто ви е земено од устата. |
| 6 |
| Зашто мојата земја ја прекри силен и безброен народ; забите му се како лавски заби, катниците како во лавица. |
| 7 |
| Ми ја запусти виновата лоза и ги искрши моите смокви, ги олупи и ги расфрла, гранките им побелеа. |
| 8 |
| Плачете како девици облечени во вреќиште по својот вереник. |
| 9 |
| Ги снема лебните приноси и налевницата од Господовиот Дом. Тажат свештениците, Господовите слуги. |
| 10 |
| Полето е запустено, земјата е ограбена. Житото е ограбено, виното пропадна, маслото пресуши. |
| 11 |
| Засрамете се, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јачменот, зашто пропадна полската жетва. |
| 12 |
| Лозата се исуши, смоквата овена, калинката, палмата и јаболкниците: секое полско дрво се исуши. Затоа радоста ја снема меѓу човечките синови. |
| 13 |
| Свештеници, препашете вреќиште и плачете! Службеници на жртвеникот, тажете! Дојдете, преноќевајте во вреќиште, служители на мојот Бог! Зашто од Домот на нашиот Бог ги снема лебниот принос и налевницата! |
| 14 |
| Одредете осветен пост, прогласете свечен собир; старешини, соберете ги, сите жители на земјата во куќата на Господа, вашиот Бог. Извикајте кон Господа: |
| 15 |
| О каков ден! Зашто Господовиот ден е близу и доаѓа како гибел од Сèвишниот. |
| 16 |
| Не исчезна ли храната пред нашите очи? Нели ги снема веселбата и радоста од Домот на нашиот Бог? |
| 17 |
| Зрната се изгниени под грутките; пусти се житниците, срушени се спремите, зашто снема жито. |
| 18 |
| Како воздивнува добитокот! Здивени стада говеда, скитаат, зашто им нема пасиште. Па и стада овци ја поднесуваат казната. |
| 19 |
| Кон Тебе, Господи, викам? Зашто огнот ги спали пустинските пасишта, пламенот ги изгоре сите полски дрва. |
| 20 |
| Па и полските дрва копнеат по Тебе, зашто потоците пресушија, огнот ги спали пустинските пасишта. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/joel/001.mp3
3
1