тогаш ќе ги соберам сите народи и ќе ги доведам во долината Јосафатова, и таму над нив ќе изречам суд за Мојот народ и за Моето наследство – Израилот, кого го растурија меѓу народите и земјата Моја ја разделија.
Па што барате од Мене вие, Тире и Сидоне и сите краеви филистејски? Сакате ли да Ми отплатите или рака да Ми вратите? Но наскоро ќе ја свртам отплатата ваша врз вашите глави,
И ќе загрми Господ од Сион и ќе го испушти гласот Свој од Ерусалим: ќе затреперат небото и земјата; но Господ ќе му биде заштита на Својот народ и одбрана за синовите Израилеви.
Тогаш ќе познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог, Кој живее на Сион, на Мојата света гора; и ќе стане Ерусалим светиња, и нема повеќе туѓинци да минуваат низ него.
И, ете, во тој ден, во тој ден од горите ќе капе вино, а од ридовите ќе потече млеко, и сите долини јудејски ќе се преполнат со вода, а од домот Господен ќе се појави извор, и ќе ја напојува долината Ситим.