×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Левит 1

1
И го повика Господ Мојсеја, и му рече од скинијата на сведоштвото, велејќи:
2
»Соопшти им на синовите Израилеви, и кажи им: кога некој од вас сака да Му принесе на Господа дарови, од добитокот, од говедата и од овците привесувајте ваш дар.
3
Ако принесува жртва сепаленица од крупен добиток, нека принесе машко, здраво; пред влезот од скинијата на сведоштвото нека ја доведе, за да придобие милост пред Господа.
4
И нека ја возложи раката своја врз главата на жртвета, и ќе придобие милост за очистување;
5
нака се заколе теле пред Господа, а синовите Аронови, свештениците, нека принесат крв, и со неа нека го попрскаат жртвеникот одозгора наоколу, што е пред влезот од скинијата на сведоштовото;
6
потоа жртвата сепаленица нека се одере и нека се исече на делови.
7
А синовите Аронови, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот, и нека стават дрва на огнот.
8
Па потоа синовите Аронови, свештениците, нека ги наредат деловите, главата и лојта врз дрвата на огнот, што е на жртвеникот.
9
А внатрешнината и нозете нека се измијат со вода; свештеникот нека го стави сето тоа на жртвеникот; тоа е жртва сепаленица, жртва огнена, со благопријатен мирис пред Господа.
10
А ако принесува жртва сепаленица на Господа од ситен добиток, од овци или од кози, нека принесе јагне или јаре, чисто машко и здраво и да ја постави раката врз главата негова.
11
Да се заколе на северната страна од жртвеникот пред Господа, а синовите Аронови, свештениците, нека го прелијат жртвеникот со крвта одозгора наоколу.
12
И нека се расече на делови, а главата со лојот, свештеникот нека ги стави врз дрвата, што се на огнот врз жртвеникот;
13
а внатрешнината и нозете свештеникот нека ги измие со вода и сето тоа нека го донесе и нека го изгори на жртвеникот; тоа принос жртва, жртва огнена со благопријатен мирис пред Господа.
14
Ако Му принесува на Господа жртва птица како сепаленица, тогаш нека принесе на дар грлица или млад гулаб;
15
свештеникот нека ја принесе на жртвеникот, и извивајќи и ја главата, нека ја откине и нека ја изгори на жртвеникот, крвта да ја исцеди во подножјето на жртвеникот;
16
нека и ги извади гркланот и перјата и заедно со нечистотијата нека ги фрли до жртвеникот од источната страна, каде што е пепелта,
17
па нека ја прекрши меѓу крилјата, но да не ги разделува од неа; и свештеникот потоа нека ја постави на жртвеникот, врз дрвјата што се на огнот; тоа е принос жртва, жртва огненеа со благ пријатен мирис пред Господа.«
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки