Оној, што се очистил, да ги испере алиштата свои, да ја истриже сета коса, да се измие со вода, и ќе биде чист; потоа да влезе во населбата и да престои седум дена надвор од домот свој.
На седмиот ден да се избричат сите влакна на главата, на брадата, на веѓите – сите влакна да ги избричат и да ги испере алиштата, потоа да го измие телото свое со вода, и ќе биде чисто;
на осмиот ден да земе две машки јагниња, едногодишни, без недостаток, и една овца едногодишна без мана како и три десетини од ефа пченично помешано брашно со елеј, со лебен принос, и една мерка елеј.
и ќе го заколе јагнето на она место, каде што се колат жртвите сепалеции поради грев, и тоа на свето место, зашто жртвата за грев како и за престап му припаѓа на свештеникот: тоа е светост над светостите.
И свештеникот ќе земе од крвта на жртвата за престап и ќе го намаже крајчето од десното уво на оној кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога.
а со остатокот од елејот, што му е во раката, ќе го намачка крајчето од десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната нога, и палецот на десната рака, на оние места каде што е крвта од жртвата поради престап.
Преостанатиот, пак, елеј, што му е во раката на свештеникот, тој ќе го излие врз главата на оној што се очистува; и свештеникот ќе се помоли за него пред Господа.
Ако е, пак, сиромав и не е во можност, тој нека земе едно едногодишно јагне за она во што престапил, за да се помоли свештеникот за него, и еден десетти дел од ефа пченично брашно, помешано со елеј, како лебен принос, и една чаша со елеј,
И, штом ќе го заколе јагнето како жртва за престап, свештеникот ќе земе од крвта на жртвата за престап и ќе го намаже крајчето од десното уво на оној, кој се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога.
И да го намаже свештеникот со елеј, од оној што му е во раката, крајчето на десното уво на оној што се очистува, и палецот на десната рака, и палецот на десната нога, на она место каде што е крвта од жртвата за престап.
А свештеникот ќе нареди куќата да се изпразни пред да влезе тој за да ја прегледа заразата, за да не стане нечисто сѐ што е во куќата, потоа свештеникот ќе влезе и ќе ја прегледа куќата.
И тој, кога ќе ја прегледа раната и види дека заразата по ѕидовите на куќата се состои од зеленикави или црвеникави длабнатинки и по својот изглед се всадила во ѕидовите,
а оној што ќе спие во таа куќа да ја испере облеката своја и нечист да е до вечерта; а кој ќе јаде во таква куќа, и тој треба да ја испере облеката свој и нечист ќе е до вечерта.
Ако, пак, свештенкот дојде и види дека заразата во куќата не се раширила, откако е куќата премачкана, нека ја очисти куќата, бидејќи заразата поминала.
Потоа тој ќе го земе кедровото дрво и исопот, црвеникот јаток и живата птица и ќе ги натопи во крвта од закланата птица и во изворската вода, и ќе ја попрска куќата седумпати,