А ова е законот за неговата нечистотија: кога изливот истечува од неговото тело, и кога изливот се задржува во неговото тело, тоа е негова нечистотија во него самиот. Во сите денови на изливот од неговото тело, со што е опфатено неговото тело – тоа е негова нечистотија.
А и кој ќе седне на некој предмет, на кој седел оној што има излив од семе, да ги испере алиштата свои и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта.
и секој што ќе се допре до што и да било, што било под него, нечисто ќе биде до вечерта; и оној што ќе го крене тоа, да ја испере облеката своја и да се измие со вода и ќе биде нечист до вечерта.
И секој, до кого што ќе се допре оној што има излив од семе, а не си ги измил рацете свои, да ги испере алиштата свои и да го измие телото свое со вода и нечист ќе биде до вечерта.
А кога оној, што има излив од семе, ќе си определи седум дена за очистување свое, да ја испере облеката своја и да го измие телото свое, со изворска вода, па ќе биде чист;
а на осмиот ден да земе две грлици или два млади гулаба, и да ги донесе пред Господа при влезот до скинијата на сведоштовото, и да му ги даде на свештеникот.
А свештеникот едната од тие птици ќе ја принесе како жртва за грев, а другата за сепаленица, а потоа пред Господа за него ќе се помоли за изливот негов.
Кога жена има излив на крв, што тече од нејзиното тело, треба да биде одделена седум дена додека е нечиста, и секој што ќе се допре до неа, да биде нечист до вечерта.
Ако некоја жена има излив на крв многу денови, но не во текот за време очистувањето нејзино, и ако таа има излив подолго од нејзиното обично чистење, си додека трае нечистотојата нејзина, нечиста е како за време на чистењето свое.
Секоја постела, на која ќе легна таа во деновите на изливот нејзин, да биде нечиста како и постелата за време на нејзиното чистење; и си она, на што ќе седна таа, да биде нечисто, поради нечистотијата нејзина.
а свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата за сепаленица, и да се помоли за неа пред Господа поради изливот на нечистотијата нејзина.
Така пазете ги синовите Израилеви од нивната нечистотија, за да не умрат поради нечистотијата своја, ако го осквернат Моето живеалиште, кое е меѓу нив.