а не го донесе при влезот во Шаторот на средбата за да Му принесе дар на Господа пред Шаторот Господов, секој таков нека биде виновен: пролеал крв, и нека биде истребен од својот народ.
Затоа Израелевите синови нека ги доведат своите жртви, што сакаат да ги колат надвор, во полето, при влезот на Шаторот на средбата, кај свештеникот, и нека ги принесат како помирителни жртви.
Свештеникот нека ја излее крвта врз Господовиот жртвеник што се наоѓа при влезот во Шаторот на средбата, а лојот нека го изгори за благоугоден мирис на Господа,
‘Натаму, Јас ќе се свртам против секој поединец од Израелевиот дом, а така и против секој придојденец меѓу вас, кој би јадел каква и да е крв, ќе го отстранам од неговиот народ секој што ќе јаде крв.
Зашто животот на телото е во крвта. Таа крв ви ја дадов вам за жртвеникот, за да ги покривате од грев вашите души, зашто оваа крв прави покривање на гревот за душата.’
Ако некој од Израелевите синови или странец што живее меѓу вас, фати во лов ѕвер или птица што може да се јаде, нека и ја пролее крвта и нека ја покрие со земја.”
„Зашто животот на секое тело е неговата крв; таа е животот; затоа и им реков на Израелците: ‘Не смеете да јадете крв од ниедно тело, зашто животот на секое тело е неговата крв.’ Секој што ќе јаде, ќе биде истребен.
Секој, Израелец или странец, кој би јал пцовисано, или раскинато од ѕверови, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. Тогаш ќе стане чист.