»Јави им на синовите Израилеви и кажи им: кога ќе дојдете во земјата, што ви ја давам Јас, земјата што ви ја давам нека ја празнува саботата Господова;
И за време починката на земјата тоа нека биде храна за сите вас – за тебе и за твојот роб, за робинката твоја, за наемникот твој и за придојдениот, населен кај тебе;
и објавете го со трубен глас по целата земја ваша седмиот месец, во десеттиот ден од месецот; во денот на очистувањето затрубете со труба по целата земја ваша;
и осветете ја педесеттата година и објавете слобода по земјата за сите жители; тоа да ви биде година на проштавање; и секој да се врати во својот имот, и секој да се врати при родот свој.
Педесеттата година да ви биде година на проштавање; во таа година не сејте и не жнејте го она што ќе израсне само од земјата, и да не го собирате она што Му е свето на Господа,
Ако брат ти, кој е кај тебе, осиромаши и го продаде својот имот, тогаш да дојде неговиот најблизок роднина и нека го откупи продаденото од братот негов.
Ако, пак, не најде колку што треба, за да врати, продаденото нека остане во рацете на купувачот си до шестата проштална година, а во светата година да стане слободно и повторно да влезе во имотот свој.
Ако некој продаде куќа за живеење во град ограден, таа може да се откупи сѐ додека не измине годината на продажбата нејзина – во текот на годината таа може да се откупи.
Ако, пак, не се откупи додека не измине годината од продажбата нејзина, куќата што е во градот, со тврда ограда, засекогаш ќе остане во рацете на купувачот и родот негов, и нема да му се врати во прошталната година.
А куќите по селата, што не се оградени наоколу, треба да се сметаа за ниви; тие секогаш ќе можат да се откупуваат, но во прошталната година ќе се вратат.
ако некој од левитите нема средства да откупи, тогаш продадената куќа во градот на нивниот имот ќе биде вратена во времето на прошталната година, зашто куќите во градовите на левитите се нивно владение меѓу синовите Израилеви.
а тогаш нека си отиде од кај тебе, тој самиот и децата негови со него во прошталната година, и нека се врати меѓу родот свој и пак да влезе во имотот на татковците свои,
Исто така и од децата на преселниците, населени меѓу вас, можете да купувате; и од нивните роднини во земјата ваша ако ги има, и тие да ви бидат сопственост.
Можете да ги предавате во наследство и на синовите ваши по вас како вечен имот; а браќата ваши, синовите Израилеви, не обременувајте ги со многу работа.
Ако твојот придојден или твојот преселник се збогати, а братот твој пред него осиромаши и му се продаде на придојдениот, населен при тебе, или на некој друг од родот на придојдените,
или братот на неговиот татко, или синот на стрикото негов треба да го откупи, или кој и да било од родот негов во племето, да го откупи, или самиот тој, ако се снајде да се откупи.
И да се пресмета со купувачот свој, сметајќи од годините, кога се продал, па си до прошталната година, и да го врати среброто за кое се продал според бројот на годините, при што да се пресмета и тоа дека кај него бил и како наемник – според бројот на годините,