Зборовите на Амос, пастир од Текое. Неговите виденија за Израел во доба на јудејскиот цар Озиј и Еровоам, синот на Јоас, израелски цар, на две години пред земјотресот.
ќе му ги скршам лостовите на Дамаск ќе ги истребам жителите на Викат-Авен и жезлоносецот од Бет-Еден; арамскиот народ ќе отиде во ропство во Кир,” говори Господ.
Господ зборува вака: „За три злостори на Тир, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто му ги предаде сите заточеници на Едом и не се сетија за братскиот сојуз.
Господ зборува вака: „За три злостори на Едом, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто го гонеше братот со меч, задушувајќи ја својата сомилост, зашто го распламтуваше секогаш својот гнев, зашто го поттикнуваше својот бес.
Господ зборува вака: „За три злодејства на Амоновите синови за четири злостори, одлуката е неотповиклива: зашто ги распарува галадските трудници за да ги рашират своите граници,