Минете во Калне и видете, оттаму одете во Великиот Емат и спуштете се во Гет филистејски: зар не се подобри тие во овие царства? Не ли се пошироки нивните предели од вашите предели?
Се колне Господ Бог Сам во себе и вака вели Господ, Бог Саваот: се гнасам од гордоста на Јакова и ги мразам дворците негови, и ќе го предадам градот и сѐ, што го исполнува.
ќе ги земе роднината нивни или соседот, за да ги изнесе коските нивни од куќите, па ќе го прашаат оној, кој стои пред куќата: »има ли уште некого?« Тој ќе одговори: »нема никого«. И овој ќе рече: »молчи, оти не бива да се спомнува името Господово.«