И ми рече Он: што гледаш, Амосе? Одговорив: кошница со зрели плодови. Тогаш Господ ми рече: му дојде крајот на Мојот народ Израилот – нема повеќе да му проштевам.
вие, кои велите: – кога ќе мине месечието, за да продаваме жито, и сабота, за да ги отвориме житниците, да ја намалиме мерката, да ја зголемиме цената на сиклата и да измамуваме со лажни мерки,
Нема ли да се затресе земјата од тоа и нема ли да заплаче секој жител на неа? Таа целата ќе се разбранува како река и ќе се подига и ќе се спушта како реката египетска.
ќе ги претворам празниците ваши во тага и сите ваши песни – во плач; ќе ставам вреќишта на сите бедра и ќелавост – на секоја глава, и ќе создадам во земјата плач како за син единец, и крајот ќе ѝ биде како тажен ден.