ќе ги истребам луѓето и добитокот, ќе ги истребам птиците небески и рибите морски и соблазните заедно со безбожниците; ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата, вели Господ.
И ќе ја протегнам раката Своја врз Јудеја и врз сите жители на Ерусалим; ќе ги истребам од тоа место остатоците на Ваала, името на жреците со свештениците,
А во тоа време Јас ќе го разгледам Ерусалим со светило и ќе ги казнам оние, кои седат на своите стражарски места и велат во срцето свое: »Господ не прави ни добро ни лошо«;
И Јас ќе ги притеснам луѓето, и тие ќе одат како слепи, оти згрешија против Господа, и растурена ќе биде крвта нивна како прав, и телата нивни како смет.
Ни среброто нивно, ниту златото нивно не ќе може да ги спаси во денот на гневот Господен, а од огнот на ревноста Негова ќе биде уништена таа земја, и тоа ќе биде ненадеен крај на сите жители нејзини.