БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Ангелот, кој зборуваше со мене, се врати тогаш и ме разбуди како човек кој се буди од сон. |
| 2 |
| „Што гледаш?” праша. Јас одговорив: „Еве, гледам светилник, сиот од злато со чаша за масло врз него; и на светилникот се седум светилки, со седум чашки за седумте светилки што се на него. |
| 3 |
| Две маслинови стебла се покрај него, едното оддесно, другото одлево.” |
| 4 |
| Му се обратив на ангелот кој зборуваше со мене и го прашав: „Што е тоа Господару? |
| 5 |
| Ангелот кој зборуваше со мене, ми одговори: „Зар не знаеш што е тоа?” Јас реков: „Не, господару.” |
| 6 |
| Тогаш тој ми одговори вака: „Еве ги Господовите зборови на Зоровавела: ‘Не со сила ни со снага туку со Мојот Дух! - слово е на Господа над Војските. |
| 7 |
| Што си ти голема горо? Пред Зоровавела стануваш рамница! Тој ќе го извлече врвниот камен со воскликнување: „Благодат! Благодат нему!”‘“ |
| 8 |
| Потоа ми дојде Господово слово: |
| 9 |
| „Зоровавеловите раце му ставија основи на овој Дом, неговите раце ќе го довршат. И вие ќе знаете дека Господ над Воинствата ме испрати кај вас. |
| 10 |
| Зашто, кој го презре денот на скромните почетоци? Ќе се радуваат кога ќе видат камено висулче во Зоровавеловите раце. Овие седум се Господовите очи што ја опфаќаат со поглед сета земја.” |
| 11 |
| Тогаш проговорив и го прашав: „Што се оние две маслинови дрва оддесно и одлево на светилникот?” |
| 12 |
| Пак проговорив и го прашав: „Што се оние две маслинови гранчиња што низ две златни цевки дотуруваат масло?” |
| 13 |
| Тој ми одговори: „Зар не знаеш што е тоа?” Одговорив: „Не, господару.” |
| 14 |
| Тој рече: „Тоа се два помазаника кои стојат пред Господарот на целата земја.” |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/zechariah/004.mp3
14
4