Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Потоа пак ги подигнав очите и видов: а тоа лета свиток. |
| 2 |
| И ме праша тој: »што гледаш?« Му одговорив: »гледам свиток како лета; должината му е дваесет лакти, а ширината десет лакти.« |
| 3 |
| Тогаш ми рече: »Тоа е проклетството што ќе се излие врз целата земја; и секој што краде, ќе се истреби, како што е напишано на едната страна; и секој што се колне лажно, ќе се истреби – како што е напишано на другата страна. |
| 4 |
| Јас го пуштив – вели Господ – и тој ќе влезе во домот на крадецот и во домот на оној, што се колне лажно во името Мое, и ќе остане во домот негов, и ќе ги истреби него, и дрвјата негови и камењата негови«. |
| 5 |
| Тогаш влезе ангелот, што зборуваше со мене, и ми рече – подигни ги очите пак и погледај – што е она што излегува? |
| 6 |
| А кога прашав: »што е тоа?« он ми одговори: она што излегува е ефа мерна, па додаде, тоа е образот нивни по целата земја. |
| 7 |
| И, ете, одеднаш се издигна парче олово, а таму една жена седеше врз ефата. |
| 8 |
| Ми рече тој: таа жена е беззаконието, па ја фрли среде ефата, а при отворот и го фрли парчето олово. |
| 9 |
| И одново ги подигнав очите и видов: одеднаш се појавија две жени, и ветар имаше меѓу крилјата нивни; а крилјата им беа како крилја на штрк; и ја кренаа тие ефата и ја понесоа угоре меѓу земјата и небото. |
| 10 |
| Го прашав ангелот, што зборуваше со мене: каде ја носат таа ефа? |
| 11 |
| А тој ми одговори: – за да се изгради за неа дом во земјата Сенар, и кога ќе биде сѐ подготвено; тогаш таа ќе биде однесена и поставена на своето место. |
| Зачувајте белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/zechariah/005.mp3
14
5