и сите синови Израилеви роптаа против Мојсеја и Арона, и целиот народ им велеше: »О, да бевме умреле во Египетската земја, или да бевме изумреле во оваа пустиња!
но не отстапувајте од Господа и не плашете се од народот на таа земја; зашто Он ќе ни биде потпора наша; тие немаат заштита, а со нас е Господ; не плашете се од нив.«
но чуја за тоа и жителите на оваа земја, дека Ти, Господи, си меѓу овој народ, и дека Ти, Господи, им се јавуваш како лице во лице, и Твојот облак стои над нив, и ти одиш пред нив дење во облаков столб, а ноќе во огнен столб;
‚Господ е долготрпелив и многумилостив и вистинит, Кој ги простува беззаконијата и неправдите, и гревовите, и не остава без казна, а за беззаконијата на татковците ги казнува децата дури до третото и четвртото колено.‘
бидејќи оние луѓе, што ја видоа славата Моја и делата Мои, што ги извршив во Египет и во пустињата, и Ме искушуваа веќе десетпати, и не го послушаа гласот Мој,
нема да ја видат земјата, која со клетва им ја ветив на татковците нивни; само на децата нивни, кои се тука со Мене, кои не знаат, што е добро, што е лошо, на сите малолетни, кои ништо не разбираат, ним ќе им ја дадам земјата, а сите оние што Ме огорчуваа, нема да ја видат;
но Мојот слуга Халев, поради тоа што во него имаше друг дух, и затоа што Ми беше наполно верен, него ќе го воведам во земјата, во која тој отиде, и неговото потомство ќе ја наследи.
според бројот на четириесет дена, во кои ја разгледувавте земјата, вие ќе стредате за гревовите ваши четириесет години, година за ден, па да ја разберете јароста на Мојот гнев.