и почнете да принесувате на Господа сепаленици, или жртви заклани, или по завет, или од сесрдност, или во текот на празниците ваши, нека биде со пријатен мирис пред Господа, тоа да биде жртва од стадата на говедата или од овците ваши;‘
тогаш оној, кој ја принесува жртвата на Господа, треба да принесе и дар принос на Господа од една десетина ефа пченично брашно, измешано со четврт ин елеј;
и кога меѓу вас има придојден или кој и да било меѓу вас во редовите ваши, и принесе жртва за благопријатен мирис пред Господа, и тој треба да прави така, како што правите вие;
за вас, народот Господов, и за придојдениот, кој живее меѓу вас, наредбата да биде една, наредбата вечна во редовите ваши: што сте вие, тоа да биде и придојдениот пред Господа;
ако грешката е направена неволно од народот, тогаш целото општество нека принесе едно теле без недостаток за сепаленица, за благопријатен мирис на Господа, заедно со тоа и принос за прелив, според наредбите, и едно јаре од козите – жртва за грев.
И свештеникот да се помоли за целото општество на синовите Израилеви, и ќе им се прости, зашто тоа било грешка, и тие принеле свој дар на Господа, жртва за грев пред Господа, поради своето незнаење.
И ќе му биде простено на целото општество на синовите Израилеви и на придојдениот, кои живее меѓу нив, зашто целиот народ го направил тоа поради незнаење.
»Објави им на синовите Израилеви и кажи им да си прават реси по полите на своите облеки во поколенијата свои, и во ресите, што се по полите, да влегуваат нишки од сина преѓа,
и тие да ви бидат на ресите, па, кога ги гледате, да се спомните на сите заповеди Господови и да ги извршувате и да не се развратувате по срцето свое и очите ваши, со кои се заблудувате.