×

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

Броеви 17

1
И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
2
»Кажи им на синовите Израилеви и земи од нив по еден жезал од колено, по еден жезал од секој нивни кнез, дванаесет жезла, и името на секој напиши го на жезалот;
3
Ароновото име напиши го на Левиевиот жезал, зашто тие треба да дадат еден жезал, според племето на нивниот род,
4
и стави ги во скинијата на сведоштвото, пред ковчегот на откровението, каде што ви се јавувам;
5
и кого Јас ќе го одберам, и неговиот жезал ќе го расцутам; и така ќе го отстранам ропотот на синовите Израилеви, што го креваат против вас.«
6
И им рече Мојсеј на синовите Израилеви, и сите началници нивни им дадоа, од секој началник по еден жезал, дванаесет жезла, според кнежествата свои и родовите нивни; и Ароновиот жезал беше меѓу жезлата нивни.
7
Тогаш Мојсеј ги постави жезлата пред лицето Господово во скинијата на сведоштвото.
8
На вториот ден влезе Мојсеј и Арон во скинијата на сведоштвото, и ете, Ароновиот жезал, од Левиевиот дом, беше потерал, пуштил гранчиња, процутил и родил ореви.
9
И ги изнесе Мојсеј сите жезли од лицето Господово пред сите синови Израилеви; и тие го видоа тоа и секој си го зеде својот жезал.
10
И му рече Господ на Мојсеја: »Постави го пак Ароновиот жезал пред ковчегот на откровението да се чува, како претсказание за непокорените, па ропотот против Мене да престане и тие да не изумрат.«
11
И Мојсеј и Арон направија така, како што му заповеда Господ на Мојсеја, така направија.
12
И му рекоа синовите Израилеви на Мојсеја: »Ете, ние се требиме, гинеме, исчезнуваме;
13
секој, што се приближува кон скинијата на сведоштвото Господово, умира: дали ќе изумреме така сите?«
Macedonian Bible 1990
Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016
:
Зачувајте белешки