Тогаш Петар Му одговори на Исуса и рече: »Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука три сеници: една за Тебе, една за Мојсеја и една за Илија.«
Додека уште говореше тој, ете, ги засени светол облак; и се чу глас од облакот, кој велеше: »Овој е Мојот Возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!«
А Исус им рече: »Заради вашето неверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете ли на оваа планина: ‚Премести се одовде таму?‘ и таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно.
Тој одговори: »Плаќа.« И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: »Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?«
но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и првата риба, што ќе се улови, земи ја; и, кога ќе ѝ ја отвориш устата, ќе најдеш статир; земи го и подај им го за Мене и за себе!«