×

Нов Превод 2023

Матеј 2

1
А кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, во времето на царот Ирод, ете, дојдоа во Ерусалим мудреци од Исток,
2
и рекоа: „Каде е новородениот Јудејски Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда на Исток, па дојдовме да Му се поклониме.“
3
Штом го чу тоа царот Ирод, се воз­немири, а и цел Ерусалим со него.
4
Па ги собра сите првосвештеници и книжници на народот и ги праша каде треба да се роди Христос.
5
А тие му рекоа: „Во Витлеем Јудејски; зашто така е напишано преку пророкот:
6
’И ти, Витлееме, земјо Јудина, по ништо не си помал меѓу Јудините началства; зашто од тебе ќе излезе Водач Кој ќе го пасе Мојот народ – Израил.‘“
7
Тогаш Ирод тајно ги повика мудре­ци­те и го дозна од нив времето кога се појавила ѕвездата,
8
па, испраќајќи ги во Витлеем, им рече: „Одете и добро распрашајте се за Детето и, штом ќе Го најдете, известете ме за да дојдам и јас да Му се пок­ло­нам.“
9
Тие, откако го ислушаа царот, си заминаа. И ете, ѕвездата, што ја беа ви­деле на Исток, врвеше пред нив, додека не пристигна и се запре над местото каде што беше Детето.
10
А кога ја видоа ѕвездата, тие многу се израдуваа.
11
И штом влегоа во куќата, Го видоа Новороденчето со мајка Му Марија, па паднаа ничкум и Му се поклонија; потоа ги отворија своите ковчежиња и Му принесоа дарови: злато, ливан и смирна.
12
И откако на сон примија вест да не се враќаат кај Ирод, по друг пат заминаа за својата земја.
13
А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на сон на Јосиф и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му, па бегај во Египет и ос­та­ни таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби.“
14
И, откако стана, Го зеде Детето со мајка Му сред ноќта и отиде во Египет.
15
И таму остана до смртта на Ирод, за да се исполни реченото од Господ преку пророкот, кој вели: „Од Египет Го повикав Мојот Син.“
16
Тогаш Ирод, гледајќи дека мудреците го надитрија, многу се разгневи и нареди да ги погубат сите деца во Вит­леем и по целата негова околина од две години и помали, според времето што точно го беше дознал од мудреците.
17
Тогаш се исполни кажаното преку пророкот Еремија, кој вели:
18
„Глас се слушна во Рама, плач и ридање и голем пискот: Рахила ги оп­лакува своите деца и не сака да се уте­ши, зашто ги нема веќе.“
19
А по смртта на Ирод, ангел Гос­по­дов му се јави на сон на Јосиф во Еги­пет
20
и му рече: „Стани, земи ги Детето и мајка Му и отиди во Из­ра­илевата земја, зашто изумреа оние што ја бараа душата на Детето.“
21
А тој, откако стана, ги зеде Детето и мајка Му, и дојде во Израилевата земја.
22
Но, кога чу дека во Јудеја царува Архелај, наместо татко му Ирод, се упла­ши да оди таму; и откако доби вест на сон, замина во галилејските предели.
23
А кога пристигна, се насели во градот наречен Назарет за да се исполни реченото преку пророците дека ќе се нарече Назареец.
Macedonian Bible 2023
Библиско Здружение на Р. Македонија 2023
:
Зачувајте белешки