Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Бидејќи мнозина почнаа да пишуваат за настаните, што се случија меѓу нас, |
| 2 |
| како што ни ги предадоа оние, кои уште од почетокот беа очевидци и служители на словото, |
| 3 |
| намислив и јас, откако испитав сѐ од почетокот, да ти опишам точно по ред, честити Теофиле, |
| 4 |
| за да ја разбереш основата на учењето, на кое си се учел. |
| 5 |
| Во деновите на Ирода, царот Јудејски, живееше еден свештеник по име Захарија, од редот Авијанов; а жена му беше од ќерките Аронови и се викаше Елисавета. |
| 6 |
| И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи според сите заповеди и повелби Господови без погрешка. |
| 7 |
| Тие немаа деца, оти Елисавета беше неплодна; а обајцата беа веќе стари. |
| 8 |
| Еднаш, кога тој служеше пред Бога по својот ред, |
| 9 |
| според обичајот на свештениците, нему му се падна ждреб да влезе во храмот Господов и да покади. |
| 10 |
| А целиот народ се молеше однадвор, за време на кадењето. |
| 11 |
| Тогаш му се јави ангел Господов, стоејќи од десната страна на кадилниот жртвеник. |
| 12 |
| Захарија се уплаши кога го виде, и страв го опфати. |
| 13 |
| Но ангелот му рече: »Не бој се, Захарија, зашто се услиша твојата молба и жена ти Елисавета ќе роди син, и ќе му ставиш име Јован. |
| 14 |
| И ќе бидеш радосен и весел, и мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање. |
| 15 |
| Зашто тој ќе биде голем пред Господа и нема да пие вино ни сикер, а ќе се исполни со Дух Свети уште во утробата на мајка си; |
| 16 |
| и многу Израилеви синови ќе ги врати кон нивниот Господ Бог; |
| 17 |
| и тој ќе врви пред Него во духот и силата на Илија, за да ги обрати срцата на татковците кон децата, и непокорните – кон разумот на праведните, па да Му приготви на Господа народ совршен.« |
| 18 |
| И му рече Захарија на ангелот: »По што ќе го разберам тоа? Јас сум стар, а жена ми е веќе доста возрасна.« |
| 19 |
| Ангелот му одговори и рече: »Јас сум Гавриил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да те известам за оваа радост; |
| 20 |
| и ете, ти ќе онемиш и не ќе можеш да говориш до оној ден, кога ќе се исполни тоа, оти не поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.« |
| 21 |
| Народот го чекаше Захарија и се чудеше што се забави во храмот. |
| 22 |
| А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и разбраа дека имал видение во храмот; тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем. |
| 23 |
| И штом изминаа деновите на неговата служба, тој се врати дома. |
| 24 |
| По тие дни зачна неговата жена Елисавета и таеше пет месеци, велејќи: |
| 25 |
| Така ми направи Господ во деновите, во кои ме погледа, за да го отстрани укорот меѓу луѓето. |
| 26 |
| А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гавриил во галилејскиот град, по име Назарет, |
| 27 |
| при една девојка, свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија. |
| 28 |
| И кога влезе ангелот при неа, рече: »Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!« |
| 29 |
| А таа, штом го виде, се уплаши од зборовите негови и помисли: »Каков е овој поздрав?« |
| 30 |
| И ѝ рече ангелот: »Не бој се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; |
| 31 |
| и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе го наречеш со името Исус. |
| 32 |
| Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давида; |
| 33 |
| и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и царството Негово нема да има крај.« |
| 34 |
| А Марија му рече на ангелот: »Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?« |
| 35 |
| »Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји. |
| 36 |
| Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неплодна, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец; |
| 37 |
| зашто нема да остане во Бога ниеден збор без сила.« |
| 38 |
| Марија, пак, рече: »Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!« И ангелот си отиде од неа. |
| 39 |
| А Марија, како стана во тие дни, отиде набргу во ридскиот крај, во градот Јудин; |
| 40 |
| па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета. |
| 41 |
| Штом го чу Елисавета поздравот на Марија, заигра младенецот во утробата нејзина; и Елисавета се исполни со Дух Свети, |
| 42 |
| па извика гласно и рече: »Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба! |
| 43 |
| И откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ? |
| 44 |
| Зашто, ете, кога пристигна гласот од твојот поздрав до ушите мои, радосно заигра младенецот во утробата моја. |
| 45 |
| И блажена е таа, која поверува, зашто ќе се исполни она, што ѝ рекол Господ.« |
| 46 |
| И рече Марија: »Мојата душа Го велича Господа, |
| 47 |
| и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој, |
| 48 |
| оти ја погледа смиреноста на слугинката Своја, и ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови; |
| 49 |
| зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име; |
| 50 |
| и милоста Негова е од колено на колено за оние, што се бојат од Него. |
| 51 |
| Он покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние, што се гордеат со мислите во срцата свои; |
| 52 |
| ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените; |
| 53 |
| гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни; |
| 54 |
| го прифати Израилот, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста, |
| 55 |
| како што им зборуваше на татковците наши, на Авраама и на семето негово довека.« |
| 56 |
| И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома. |
| 57 |
| А на Елисавета ѝ дојде времето да роди, и таа роди син. |
| 58 |
| И чуја оние, што живееја околу, и роднините нејзини, дека ја увеличил Господ Својата милост над неа, и се радуваа со неа. |
| 59 |
| На осмиот ден дојдоа да го обрежат младенецот, и сакаа да му го дадат името на татка му Захарија. |
| 60 |
| Но мајка му одговори и рече: »Не, туку да се нарече Јован!« |
| 61 |
| Ѝ рекоа нејзе: »Никој нема во твојот род, кој се вика со такво име.« |
| 62 |
| И го прашаа со знаци татка му, како би сакал да го наречат. |
| 63 |
| Тој побара штичка и ги напиша зборовите: »Јован му е името.« И сите се зачудија. |
| 64 |
| И веднаш му се одврзаа устата и јазикот негов, и зборуваше, благословувајќи Го Бога. |
| 65 |
| И се уплашија сите што живееја околу; и прикажуваа за сето тоа по целиот крај Јудејски. |
| 66 |
| Сите, што чуја, го зедоа тоа при срце и велеа: »Што ли ќе стане од тоа дете?« И раката Господова беше со него. |
| 67 |
| А Захарија, татко му, се исполни со Дух Свети и пророкуваше, говорејќи: |
| 68 |
| »Благословен е Господ, Бог Израилев, оти го посети и избави народот Свој; |
| 69 |
| и подигна рог за нашето спасение, во домот на Давида, Својот слуга; |
| 70 |
| како што говореше преку устата на своите свети пророци од векот, |
| 71 |
| дека ќе нѐ избави од непријателите наши и од рацете на сите што нѐ мразат; |
| 72 |
| за да ја пројави Својата милост над татковците наши и да се сети на светиот завет Свој, |
| 73 |
| на клетвата, со која му се заколна на Авраама, нашиот татко; |
| 74 |
| оти ќе даде, штом нѐ избави од непријателите наши, |
| 75 |
| без страв да Му служиме, во светост и правда пред Него, преку целиот наш живот. |
| 76 |
| А ти, младенче, ќе се наречеш пророк на Севишниот, оти ќе одиш пред лицето на Господа за да Му ги приготвиш патиштата Негови; |
| 77 |
| и да го вразумиш народот Негов за спасение, преку проштавање на гревовите нивни, |
| 78 |
| заради големата милост на нашиот Бог, со која нѐ посети Исток од висините, |
| 79 |
| за да ги просвети оние, што седат во темнина и сенка смртна, и да ги упати нозете наши по патот на мирот.« |
| 80 |
| А детето растеше и крепнеше со духот, и остана во пустина до денот, кога им се јави на Израилците. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/luke/001.mp3
24
1