Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Потоа Господ избра и други седумдесет ученици и ги испрати пред Себе по двајца во секој град и место, каде што и Сам сакаше да оди, |
| 2 |
| и им рече: »Жетвата е голема, а работници се малку; затоа молете Го Господарот од жетвата да испрати работници на жетвата Своја. |
| 3 |
| Одете! Ете, Јас ве праќам како јаганца меѓу волци. |
| 4 |
| Не носете со себе ни ќесе, ни торба, ниту обувки и никого патем не поздравувајте! |
| 5 |
| И во која куќа влезете, прво кажете: ‚Мир на таа куќа!‘ |
| 6 |
| Па, ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе остане на него; ако ли не, тој ќе се врати во вас; |
| 7 |
| и во таа куќа останете, јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преоѓајте од куќа в куќа. |
| 8 |
| И во кој град влезете, и ве примат, јадете што ќе ви принесат пред вас; |
| 9 |
| лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ‚Се приближи до вас царството Божјо.‘ |
| 10 |
| А во кој, пак, град влезете и не ве примат, излезете по раскрсниците негови и кажете: |
| 11 |
| ‚И правот од вашиот град, што се прилепил на нас, ви го истресуваме; но знајте го ова, дека се приближи до вас царството Божјо.‘ |
| 12 |
| Ви велам, дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град. |
| 13 |
| Тешко тебе, Хоразине! Тешко тебе, Витсаидо! Оти, ако во Тир и Сидон се беа извршиле чудесата што станаа кај вас, тие одамна, седејќи во вреќи и пепел, ќе се беа покајале. |
| 14 |
| Но на Тир и Сидон ќе им биде полесно на судот, отколку вам. |
| 15 |
| И ти, Капернауме, што си се издигнал до небото, до пеколот ќе паднеш. |
| 16 |
| Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил.« |
| 17 |
| Се вратија, пак, седумдесетте со радост и велеа: »Господи, во Твое име и бесовите ни се покоруваат.« |
| 18 |
| А Он им рече: »Го видов сатаната дека падна од небото како молња! |
| 19 |
| Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди; |
| 20 |
| но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се, што се имињата ваши напишани на небесата.« |
| 21 |
| Во тој час се возрадува Исус во духот и рече: »Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, оти таква беше волјата Твоја.« |
| 22 |
| Па, откако се сврте кон учениците, им рече: »Сѐ Ми е предадено од Мојот Отец; и кој е Синот не знае никој, освен Отецот; и кој е Отецот, не знае никој, освен Синот, и – кому што сака Синот да му открие.« |
| 23 |
| И кога се обрна кон учениците, им рече тивко: »Блажени се очите, кои го гледаат ова што го гледате вие. |
| 24 |
| Зашто ви велам, многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие, и не видоа; и да чујат, што слушате вие, и не чуја.« |
| 25 |
| И ете, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: »Учителе, што да направам за да добијам живот вечен?« |
| 26 |
| А Он му рече: »Што е напишано во Законот? Како читаш?« |
| 27 |
| Тој одговори и рече: »Возљуби Го Господа, Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сите свои помисли; и својот ближен како себеси!« |
| 28 |
| Му кажа пак: »Добро одговори; тоа прави го и ќе бидеш жив.« |
| 29 |
| Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исуса: »А кој е мојот ближен?« |
| 30 |
| Исус му одговори и рече: »Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов. |
| 31 |
| Во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник, и кога го виде, си замина. |
| 32 |
| Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, се приближи, погледна и си отиде. |
| 33 |
| Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали. |
| 34 |
| И кога се приближи, му ги преврза раните, поливајќи ги со елеј и со вино; па, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него. |
| 35 |
| А утредента, на кинисување, извади два динарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: ‚Припази го; а ако потроши нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘ |
| 36 |
| Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што падна во рацете на разбојниците?« |
| 37 |
| А тој одговори: »Оној што му направи милост.« Исус му рече: »Оди и ти прави така!« |
| 38 |
| И кога одеа, влезе Он во едно село; една жена, по име Марта, Го прими во својот дом. |
| 39 |
| А таа имаше сестра по име Марија, која седна при нозете Исусови и го слушаше словото Негово. |
| 40 |
| Марта се беше, пак, зафатила со многу работи и, кога застана, рече: »Господи, зар нејќеш да знаеш дека сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне!« |
| 41 |
| А Исус ѝ одговори и рече: »Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи. |
| 42 |
| Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземе.« |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/luke/010.mp3
24
10