БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Потоа Господ определи седумдесет и ги испрати, по двајца пред Себе во секој град и во секое место, каде сакаше да отиде; |
| 2 |
| и им рече: „Жетвата е голема, а работниците се малку. Затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва. |
| 3 |
| Одете! Ете, Јас ве праќам како јагниња меѓу волци. |
| 4 |
| Не носете ни мало торбиче за сребреници, ни торба, ниту обувки и не поздравувајте никого патем! |
| 5 |
| И во која куќа влезете, најнапред речете: „Мир на оваа куќа!” |
| 6 |
| И ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе остане на неа; а ако ли не, ќе се врати при вас. |
| 7 |
| Останете во таа куќа, јадете и пијте што имаат, зашто трудбеникот ја заслужува својата плата. Не преоѓајте од куќа во куќа. |
| 8 |
| И ако влезете во некој град и ве примат, јадете што ќе изнесат пред вас! |
| 9 |
| Исцелувајте ги болните во него и говорете им: „Божјото Царство се приближи до вас!” |
| 10 |
| Ако пак влезете во некој град и не ве примат, излезете на неговите улици и речете: |
| 11 |
| ”И правот од вашиот град - што се залепил на нашите нозе - ви го истресуваме; но знајте го ова - Божјото Царство се приближи.” |
| 12 |
| Ви велам - полесно ќе му биде на Содом во оној ден, отколку на тој град.” |
| 13 |
| ”Горко ти, Хоразине! Горко ти, Витсаидо! Зашто ако во Тир и Сидон беа извршени чудата, што се случија во вас, веќе одамна би се покајале, облечени во вреќи и во пепел. |
| 14 |
| Но на Тир и Сидон полесно ќе им биде на Судот, отколку вам! |
| 15 |
| И ти Капернауме, зар ќе се издигнеш до небо? Ќе бидеш разурнат до пеколот! |
| 16 |
| Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој ве отфрла вас, Мене Ме отфрла; а кој Ме отфрла Мене, Го отфрла Оној, Кој Ме пратил.” |
| 17 |
| А седумдесетте се вратија со радост и рекоа: „Господи, и нечистите духови ни се покоруваат во Твое име.” |
| 18 |
| А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото, како молња! |
| 19 |
| Ете, ви давам власт да газите на змии и на скорпии и над секоја непријателска сила, и ништо нема да ви напакости. |
| 20 |
| Но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, туку радувајте се, дека вашите имиња се запишани на небесата!” |
| 21 |
| Во истиот час се зарадува во Светиот Дух и рече: „Ти благодарам Татко! Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а им го откри на младенците. Да, Татко, таква беше Твојата волја. |
| 22 |
| Мојот Татко Ми предаде сè! И никој не знае Кој е Синот, освен Таткото; и Кој е Таткото - знае само Синот, и оној кому Синот сака да му открие. |
| 23 |
| ”И кога се обрати посебно кон учениците, рече: „Блажени се очите, кои го гледаат ова, што вие го гледате! |
| 24 |
| Зашто, ви велам дека многу пророци и цареви сакаа да го видат тоа, што вие го гледате, и не видоа; и да го чујат она, што вие го слушате, и не чуја.” |
| 25 |
| И ете, еден учител на Законот стана да Го искушува и Го праша: „Учителе, што треба да правам, за да наследам вечен живот?” |
| 26 |
| А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?” |
| 27 |
| А тој одговори и рече: „Љуби Го Господа, својот Бог - со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сета своја сила и со сиот свој ум; и својот ближен како себеси!” |
| 28 |
| Му рече: „Право одговори! Прави го тоа и ќе живееш!” |
| 29 |
| Но тој, сакајќи да се оправда, Го праша Исуса: „А кој е мој ближен?” |
| 30 |
| Исус му одговори и рече: „Еден човек, слегуваше од Ерусалим во Ерихон; и налета на разбојници, кои го соблекоа и го ранија; го оставија полумртов и си отидоа. |
| 31 |
| А случајно по истиот пат слегуваше еден свештеник, и кога го виде, си замина на другата страна. |
| 32 |
| Исто така и еден левит, кога дојде таму и кога го виде - си замина на другата страна. |
| 33 |
| А еден патник Самарјанец дојде до него и кога го виде, се сожали. |
| 34 |
| Му се приближи, му ги полеа раните со масло и вино и му ги преврза; после го качи на своето добиче, го однесе во гостилницата и се погрижи за него. |
| 35 |
| Утредента извади два динарии и му ги даде на гостилничарот и рече: „Погрижи се за него, и ако потрошиш нешто повеќе, ќе ти платам на враќање.” |
| 36 |
| Што мислиш, кој од тие тројца му беше ближен на оној, кој попадна среде разбојниците?” |
| 37 |
| Тој рече: „Оној, кој му укажа милост.” Исус му рече: „Оди и ти прави така.” |
| 38 |
| И кога одеа, влезе во едно село, некоја жена, по име Марта, Го прими во својот дом. |
| 39 |
| А таа имаше сестра, по име Марија, која седна при нозете на Господа и го слушаше Неговото слово. |
| 40 |
| А Марта се трудеше многу да Му служи што подобро. Таа пристапи и рече: „Господи! Зар не Ти е грижа дека мојата сестра ме остави да служам сама? Кажи и да ми помогне!” |
| 41 |
| А Господ и одговори и рече: „Марта! Марта! Ти се грижиш и се вознемируваш за многу нешта; |
| 42 |
| а потребно е едно. Марија го избра добриот дел, што нема да и се одземе.” |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/luke/010.mp3
24
10