Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Се приближуваа кон Него сите митници и грешници за да Го слушаат. |
| 2 |
| А фарисеите и книжниците негодуваа, велејќи: »Овој прима грешници и јаде со нив.« |
| 3 |
| Но Исус им ја кажа оваа парабола и рече: |
| 4 |
| »Кој од вас, имајќи сто овци, кога загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустината и не ќе тргне по загубената, додека не ја најде? |
| 5 |
| А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен; |
| 6 |
| и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: ‚Радувајте се со мене, оти ја најдов мојата загубена овца!‘ |
| 7 |
| Ви велам, дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, што немаат потреба од каење. |
| 8 |
| Или која жена, имајќи десет драхми, кога загуби една, нема да запали светило и да ја помете куќата, за да побара внимателно, дури не ја најде? |
| 9 |
| А штом ја најде, ќе повика пријателки и сосетки, велејќи: ‚Радувајте се со мене, оти ја најдов загубената драхма!‘ |
| 10 |
| Таква радост, ви велам, станува и пред ангелите Божји за еден грешник, што се кае.« |
| 11 |
| И рече: »Еден човек имаше два сина. |
| 12 |
| Помладиот од нив му рече на татка си: ‚Татко, дај ми го делот што ми припаѓа од имотот!‘ И таткото им го раздели имотот. |
| 13 |
| По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно. |
| 14 |
| И откако потроши сѐ, настана голем глад во таа земја и тој се најде во мака; |
| 15 |
| па отиде при еден човек во таа земја и се погоди, и тој го прати во своето поле да пасе свињи. |
| 16 |
| И страден беше да го наполни својот стомак со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. |
| 17 |
| А кога дојде на себеси, рече: ‚Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилие, а јас, пак, умирам од глад. |
| 18 |
| Ќе станам и ќе отидам при татка си и ќе му речам: »Татко, згрешив против небото и пред тебе, |
| 19 |
| и не сум веќе достоен да се наречам твој син; но прими ме како еден од своите наемници«‘. |
| 20 |
| Па стана и отиде при татка си. И кога беше уште далеку, го виде таткото негов и се сожали на него, па потрча, го прегрна и го целива. |
| 21 |
| И синот му рече: ‚Татко, згрешив против небото и пред тебе, и не сум веќе достоен да се наречам твој син!‘ |
| 22 |
| А таткото им рече на слугите свои: ‚Изнесете најубава промена и облечете го, и дајте му прстен на раката негова и обувки на нозете; |
| 23 |
| Па дотерајте и заколете угоено теле: да јадеме и да се веселиме, |
| 24 |
| оти овој мој син мртов беше и оживе, изгубен беше и се најде‘. И почнаа да се веселат. |
| 25 |
| А постариот негов син беше в поле; и на враќање, кога се приближи до куќата, чу песни и извици. |
| 26 |
| Па, како повика еден од слугите, го праша: ‚Што е ова?‘ |
| 27 |
| А тој му рече: ‚Брат ти си дојде и татко ти закла угоено теле, оти го виде здрав.‘ |
| 28 |
| Тој се налути и нејќеше да влезе. Тогаш излезе татко му и го молеше. |
| 29 |
| А тој му одговори на татка си и му рече: ‚Еве, те служам толку години и никогаш не ја прекршив твојата заповед; и мене не си ми дал ни едно јаре, за да се провеселам со моите пријатели; |
| 30 |
| а кога дојде овој твој син, што го упропасти својот имот со блудници, за него ти закла угоено теле.‘ |
| 31 |
| А он му рече: ‚Синко, ти си секогаш со мене и сѐ мое е твое; |
| 32 |
| но требаше да се зарадуваме и развеселиме, оти овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде.‘« |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/luke/015.mp3
24
15