БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Сите цариници и грешници се приближуваа при Него, за да Го слушаат. |
| 2 |
| А фарисеите и книжниците пак негодуваа, велејќи: „Овој прима грешници и јаде со нив.” |
| 3 |
| Тогаш им ја кажа оваа парабола: |
| 4 |
| ”Кој од вас, ако има сто овци, и загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустината и не ќе отиде по загубената, додека не ја најде. |
| 5 |
| А кога ќе ја најде, ќе ја крене, радувајќи се, на своите рамена |
| 6 |
| и кога ќе дојде дома ќе ги повика пријателите и соседите и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов својата изгубена овца!’ |
| 7 |
| Ви велам: така ќе биде на небото, поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, кои немаат потреба од каење.” |
| 8 |
| ”Или која жена, ако има десет драхми и изгуби една драхма, нема да запали светилка, и не ја мете куќата, и не ја бара внимателно, додека не ја најде? |
| 9 |
| А кога ќе ја најде, ќе ги повика пријателките и сосетките и ќе им рече: ‘Радувајте се со мене, зашто ја најдов драхмата, што ја изгубив!’ |
| 10 |
| Така, ви велам, се радуваат Божјите ангели, заради еден грешник, кој се кае.” |
| 11 |
| И рече: „Некој човек имаше два сина. |
| 12 |
| И помладиот од нив му рече на татка си: ‘Татко, дај ми го делот од имотот, што ми припаѓа!’ И тој им го раздели имотот. |
| 13 |
| А по неколку дена помладиот син собра сè свое и отиде во далечна земја и таму го потроши својот имот, живеејќи развратно. |
| 14 |
| Кога потроши сè, настана голема глад во онаа земја, и тој се најде во скудност. |
| 15 |
| И отиде и се прилепи при еден човек на онаа земја, тој го испрати на своите полиња, за да ги пасе свињите. |
| 16 |
| И сакаше да го наполни својот желудник со лушпи, што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше. |
| 17 |
| А кога дојде на себеси, рече: ‘Колку наемници при татка ми имаат леб во изобилство, а јас умирам од глад тука! |
| 18 |
| Ќе станам и ќе отидам при татка си, и ќе му речам: ‘Татко, згрешив против небото и пред тебе; |
| 19 |
| не сум веќе достоен да се наречувам твој син. Прими ме како еден од своите наемници!’ |
| 20 |
| И стана и тргна кон татка си. И кога беше уште далеку, неговиот татко го виде и му се сожали, па се растрча, и му се фрли на вратот и го целиваше. |
| 21 |
| А синот му рече: ‘Татко, зрешив против небото и пред тебе; не сум веќе достоен да се наречувам твој син!’ |
| 22 |
| Но таткото им рече на своите слуги: ‘Бргу, донесете ја најубавата облека, и облечете го и ставете му прстен на раката, и обувки на нозете. |
| 23 |
| Дотерајте го згоеното теле и заколете го, да јадеме и да се веселиме, |
| 24 |
| зашто овој мој син беше мртов и оживе, беше изгубен - и се најде.’ И почнаа да се веселат. |
| 25 |
| А неговиот постар син беше во полето. Кога пак доаѓаше и и се приближи на куќата, чу песна и играње; |
| 26 |
| па повика еден од слугите и го праша што е тоа. |
| 27 |
| А тој му рече: ‘Брат ти си дојде и твојот татко го закла згоеното теле, зашто го прими здрав.’ |
| 28 |
| Тој се налути и не сакаше да влезе; а неговиот татко излезе и почна да го моли. |
| 29 |
| А тој му одговори на татка си: ‘Еве, ти служам толку години и никогаш не прекршив ниедна твоја заповед, а ти никогаш не ми даде ни јаре, за да се повеселам со своите пријатели. |
| 30 |
| А кога дојде овој твој син, кој го растури твојот имот со блудници, му закла згоено теле!’ |
| 31 |
| Тој пак му рече: ‘Чедо, ти си секогаш со мене, и сè што е мое - е твое; |
| 32 |
| но требаше да се веселиме и да се радуваме, зашто овој твој брат беше мртов и оживе; беше изгубен и се најде.’” |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/luke/015.mp3
24
15