Во петнаесеттата година од владеењето на ќесарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител во Јудеја, а Ирод – четворовласник над Галилеја, и Филип брат му, четворовласник во Итуреја и Трахонитската област, и Лисаниј – четворовласник во Авилинија,
како што е напишано во Книгата, според зборовите на пророкот Исаија, кој вели: »Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа и рамни правете ги патеките Негови;
Но родете плодови достојни за покајание и не почнувајте да зборувате во себе: ‚Го имаме таткото Авраама!‘ Зашто ви велам, дека Бог може и од овие камења да издигне чеда на Авраама.
Го прашаа и некои војници, говорејќи: »А што да правиме ние?« И им рече: »Никого не присилувајте, никого не клеветете, и бидете задоволни со вашите плати.«
Јован им одговараше на сите, велејќи: »Јас ве крштавам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ремчињата на обувките Негови: Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.
Нему му е лопатата во раката Негова и Он ќе го очисти гумното Свое, и ќе го собере житото во житницата Своја, а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган.«