|
| 1 |
|
| Пред празникот Пасха, Исус - знаејќи дека Му дојде часот за да премине од овој свет кон Таткото - љубејќи ги Своите во светов, ги возљуби до крај. |
|
| 2 |
|
| За време на вечерата - кога ѓаволот веќе стави мисла во срцето на Јуда Симонов, Искариотски, за да Го предаде - |
|
| 3 |
|
| Исус, знаејки дека Таткото Му предаде сè во рацете, дека излезе од Бога и дека оди при Бога |
|
| 4 |
|
| стана од вечерата, ја соблече горната облека, зеде крпа и се препаша. |
|
| 5 |
|
| Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан. |
|
| 6 |
|
| Така дојде до Симона Петра; а овој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?” |
|
| 7 |
|
| Исус одговори и Му рече: „Ти сега не знаеш што правам Јас, но после ќе разбереш.” |
|
| 8 |
|
| Петар Му рече: „Ти никогаш нема да ми ги измиеш нозете!” Исус му одговори: „Ако не те измијам, немаш дел со Мене.” |
|
| 9 |
|
| Симон Петар Му рече: „Господи, измиј ми ги не само нозете, туку и рацете и главата.” |
|
| 10 |
|
| Исус му рече: „На измиениот треба да му се измијат само нозете, зашто е целиот чист; и вие сте чисти, но не сите.” |
|
| 11 |
|
| Зашто знаеше кој ќе Го предаде, затоа и рече: „Не сите сте чисти!” |
|
| 12 |
|
| А кога им ги изми нозете, ја зеде својата горна облека и пак седна на трпезата и им рече: „Разбравте ли, што ви сторив? |
|
| 13 |
|
| Вие Ме викате Мене Учител и Господ, и право велите, зашто тоа Сум. |
|
| 14 |
|
| И така, ако Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни да ги миете нозете еден на друг; |
|
| 15 |
|
| зашто ви дадов пример и вие да правите онака, како што ви направив Јас. |
|
| 16 |
|
| Вистина, вистина ви велам: слугата не е поголем од својот господар, ниту пратеникот е поголем од оној, кој го пратил. |
|
| 17 |
|
| Кога го знаете ова, блажени сте - ако го исполнувате тоа. |
|
| 18 |
|
| Не зборувам за сите вас; Јас знам кои ги избрав; туку треба да се исполни Писмото: ‘Кој го јаде Мојот леб, ја подига својата петица против Мене.’ |
|
| 19 |
|
| Отсега ви зборувам, пред да се збидне, за да поверувате - кога ќе се случи - дека Сум Јас. |
|
| 20 |
|
| Вистина, вистина ви велам: кој го прима оној, кого Јас го праќам, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Кој Ме пратил Мене.” |
|
| 21 |
|
| Штом го рече тоа, Исус се возбуди во духот, па посведочи и рече: „Вистина, вистина ви велам: дека еден од вас ќе Ме предаде.” |
|
| 22 |
|
| Тогаш учениците се погледнаа еден со друг со двоумење за кого зборува. |
|
| 23 |
|
| А еден од Неговите ученици, кого Исус го љубеше, беше прилегнал на Исусовите гради; |
|
| 24 |
|
| тогаш Симон Петар му даде знак и му рече: „Кажи, за кого зборува!” |
|
| 25 |
|
| Така, тој се потпре на Исусовите гради и му рече: „Господи, кој е?” |
|
| 26 |
|
| Исус одговори: „Тоа е оној, кому ќе му натопам залак, и ќе му го подадам.” И го натопи залакот, го зеде и му го даде на Јуда Симонов Искариот. |
|
| 27 |
|
| И откако го зеде залакот, сатаната влезе во него. Исус пак му рече: „Што правиш, прави побргу!” |
|
| 28 |
|
| Но никој од оние, што седеа покрај трпезата, не разбра, зошто му го рече тоа. |
|
| 29 |
|
| Но, бидејќи кај Јуда беше благајната, некои помислија дека Исус му рече: „Купи што ни е потребно за празникот!” или да раздаде нешто на сиромасите. |
|
| 30 |
|
| Штом го зеде залакот, Јуда излезе веднаш, а беше ноќ. |
|
| 31 |
|
| А кога излезе, Исус рече: „Сега се прослави Човечкиот Син, и Бог се прослави во Него. |
|
| 32 |
|
| Ако Бог се прослави во Него, и Бог ќе Го прослави во Себе, и веднаш ќе Го прослави. |
|
| 33 |
|
| Дечиња, уште малку сум со вас; ќе Ме барате, и како што им реков на Јудејците: каде одам Јас, вие не можете да дојдете, и вам ви го велам тоа сега. |
|
| 34 |
|
| Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг. |
|
| 35 |
|
| По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици - ако имате љубов помеѓу себе!” |
|
| 36 |
|
| Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?” Исус му одговори: „Каде одам Јас, ти сега не можеш да тргнеш по Мене, но подоцна ќе Ме следиш.” |
|
| 37 |
|
| Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да дојдам по Тебе сега? Својот живот ќе го дадам за Тебе.” |
|
| 38 |
|
| Исус одговори: „Својот живот ли ќе го дадеш за Мене? Вистина, вистина ти велам, петел нема да пропее, додека трипати не се одречеш од Мене.” |
|
|
|
|