Таму најде еден Јудеец по име Акила, родум од Понт, кој неодамна беше дошол од Италија, заедно со својата жена Прискила, зашто Клаудиј заповеда сите Јудејци да го напуштат Рим. Дојде при нив,
Кога Павле сакаше да ја отвори устата, Галион им рече на Јудејците: „Ако беше прашање за некаква неправда или за зло дело, о Јудејци, се разбира, би требало да ве трпам.
Павле остана таму уште многу денови; и тогаш се прости со браќата и отплови за Сирија, а со него Прискила и Акила; во Кенхреја ја острига главата, зашто имаше завет за тоа.
туку се прости со нив и рече: „Бездруго празникот што иде треба да го поминам во Ерусалим; и ако Му биде угодно на Бога, пак ќе се вратам при вас.” И отплови за Ефес.
Кога сакаше да замине за Ахаја, браќата го охрабрија и им напишаа на учениците да го примат. Кога дојде, многу им помогна на оние, кои беа поверувале преку благодатта;