Но, бидејќи некои се ожесточуваа беа многу упорни во лошото зборување за патот Господов пред народот, тој, откако ги остави, ги одвои учениците и секојдневно проповедаше во училиштето на некој си Тиран.
Некои, пак, од Јудејците скитници заколнувачи почнаа да го изговараат името на Господа Исуса над оние, кои имаа зли духови, и велеа: »Ве заколнуваме во Исуса, Кого Го проповеда Павле!«
А мнозина од оние, кои правеа магии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите; дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет илјади сребреници.
А кога се сврши тоа, Павле науми, откако ќе ја мине Македонија и Ахаја, да отиде во Ерусалим, па рече: »Штом ќе бидам таму, ќе треба да го видам и Рим.«
а, пак, гледате и слушате дека не само во Ефес, туку скоро во цела Азија, тој Павле убеди и обрна доста народ, велејќи дека не се богови оние што се прават со човечки раце.
Затоа постои опасност не само нашиот занает да биде презрен, туку и храмот на великата божица Артемида да се смета за ништо, и нејзиното величие да загине, која ја почитува цела Азија и вселената.«
А градскиот писар, кога го смири народот, рече: »Луѓе ефесци, кој човек не знае дека градот Ефес е служител на великата божица Артемида и нејзиниот паднат идол од Зевса?
Ако, пак, Димитриј и занаетчиите, што се со него, имаат нешто против некого, за тоа постојат судски собори, а има и проконсули: нека се тужат едни со други.
Оти постои опасност да бидеме обвинети за бунт поради денешнава работа, бидејќи нема никаква причина, со која можеме да го оправдаме ова собрание.« Штом го рече тоа, собранието го распушти.