|
| 1 |
|
| А за собирањето милостини за светите, правете и вие како што им наредив на Галатските цркви. |
|
| 2 |
|
| Во секој прв ден, секој од вас, нека оддели и остави при себеси колку што може, за да не се врши собирањето кога ќе дојдам. |
|
| 3 |
|
| А кога ќе дојдам таму, ќе ги испратам, со писма, оние, кои вие ќе ги најдете за достојни, да го однесат дарот на вашата љубов во Ерусалим. |
|
| 4 |
|
| А ако биде прилично да одам и јас, тие ќе тргнат со мене. |
|
| 5 |
|
| При вас ќе дојдам, откако ќе ја поминам Македонија, зашто поминувам низ Македонија; |
|
| 6 |
|
| а при вас можеби ќе се задржам, па и да презимувам, за да ме испратите каде што одам. |
|
| 7 |
|
| Зашто не сакам да ве видам сега само на минување; но, се надевам да останам некое време при вас, ако Господ дозволи. |
|
| 8 |
|
| Во Ефес ќе останам до Педесетницата, |
|
| 9 |
|
| зашто ми се отвори за работа голема и делотворна врата, а противниците се многу. |
|
| 10 |
|
| Ако дојде Тимотеј, гледајте да биде без страв меѓу вас, зашто и тој го работи Господовото дело како и јас. |
|
| 11 |
|
| Затоа никој да не го презира! Испратете го во мир, да дојде при мене, зашто го чекаме со браќата. |
|
| 12 |
|
| Што се однесува за братот Аполос, многу го охрабрив да дојде при вас со браќата, но никако не сакаше да дојде сега; но ќе дојде кога ќе има прилика. |
|
| 13 |
|
| Бдејте! Стојте цврсто во верата, бидете мажествени, бидете силни! |
|
| 14 |
|
| Сè при вас да станува со љубов! |
|
| 15 |
|
| Уште, ве молам браќа, да знаете за Стефановиот дом, дека тој е ахајски првенец и дека тие се посветија да им служат на светите. |
|
| 16 |
|
| Покорувајте им се и вие на такви, и на секој што помага во делото и се труди! |
|
| 17 |
|
| Се радувам на доаѓањето на Стефана, Фортуната и Ахаика, зашто тие го надоместија вашето отсуство |
|
| 18 |
|
| и зашто го освежија и мојот и вашиот дух. Затоа признавајте ги таквите! |
|
| 19 |
|
| Ве поздравуваат азиските цркви. Ве поздравуваат многу во Господа Акила и Прискила со својата домашна црква. |
|
| 20 |
|
| Ве поздравуваат сите браќа! Поздравете се еден со друг со свет целив! |
|
| 21 |
|
| Поздравот е со мојата, Павлова рака. |
|
| 22 |
|
| Кој не Го љуби Господа да биде проклет! Мараната! |
|
| 23 |
|
| Благодатта на Господа Исуса да биде со вас. |
|
| 24 |
|
| И мојата љубов со сите вас во Христа Исуса. Амин! |
|
|
|
|