Или го вели тоа главно за нас? Да, тоа е напишано за нас, зашто кој ора треба да ора во надеж, и кој врши, да врши во надеж дека ќе го добие својот дел.
Ако други го имаат тоа право над вас, немаме ли ние поголемо? Но ние не се служиме со тоа право, туку поднесуваме сè, за да не му поставиме некаква пречка на Христовото Евангелие.
А јас не се ползував со ништо од сè тоа. А и ова не го напишав за да ми биде така, зашто за мене е подобро да умрам, отколку некој да ми ја уништи пофалбата.
На Јудејците им бев како Јудеец, за да ги придобијам Јудејците; на оние кои се под Законот им бев како и самиот да сум под Законот, иако јас не сум под Законот, за да ги придобијам оние, кои се под Законот.
На оние, кои се без закон, им бев како да сум и јас без закон, иако не сум без Божјиот Закон, туку сум под Христовиот Закон, за да ги придобијам оние, кои се без закон.