|
| 1 |
|
| Павле - апостол, испратен не од луѓе, ниту преку посредство на човек, туку преку Исуса Христа и Бог Таткото, Кој Го воскресна од мртвите - |
|
| 2 |
|
| и сите браќа, кои се со мене, до црквите во Галатија. |
|
| 3 |
|
| Благодат и мир на вас од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа, |
|
| 4 |
|
| Кој се даде Себеси за нашите гревови, за да нè избави од сегашниот лукав век, по волјата на нашиот Бог и Татко! |
|
| 5 |
|
| Кому е слава во сите векови. Амин! |
|
| 6 |
|
| Се чудам дека така брзо се одвратувате од Оној, Кој ве повика во Христовата благодат, и преминувате кон друго евангелие, |
|
| 7 |
|
| кое не е друго, само има некои, кои ве збунуваат и сакаат да го изопачат Христовото Евангелие. |
|
| 8 |
|
| Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет! |
|
| 9 |
|
| Како што рековме порано и сега пак велам: ако некој ви проповеда евангелие, што се разликува од она што го примивте, да биде проклет! |
|
| 10 |
|
| Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. |
|
| 11 |
|
| Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко, |
|
| 12 |
|
| бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа. |
|
| 13 |
|
| Вие секако сте чуле за моето некогашно живеење во јудејството: како прекумерно ја гонев Божјата црква и ја запустував. |
|
| 14 |
|
| и во јудејството надминав многу свои врсници во својот народ, вдахновен од преголемата ревност за преданијата на своите прататковци. |
|
| 15 |
|
| А кога Му беше по волја на Оној, Кој ме оддели од утробата на мојата мајка и ме призва преку Својата благодат, |
|
| 16 |
|
| да Го открие во мене Својот Син, за да Го проповедам меѓу народите, не се посоветував веднаш со тело и крв, |
|
| 17 |
|
| ниту отидов горе во Ерусалим кај оние, кои пред мене беа апостоли, туку отидов понатаму во Арабија и пак се вратив во Дамаск. |
|
| 18 |
|
| А на три години потоа отидов горе во Ерусалим, за да го видам Петар, и останав при него петнаесет дена. |
|
| 19 |
|
| А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов. |
|
| 20 |
|
| А пак што ви пишувам, еве пред Бога велам дека не лажам. |
|
| 21 |
|
| Потоа дојдов во краиштата на Сирија и Киликија. |
|
| 22 |
|
| А на црквите во Јудеја кои се во Христа, лично им бев уште непознат, |
|
| 23 |
|
| тие беа само слушале: „Оној, кој некогаш нè гонеше, сега ја проповеда верата, која некогаш ја разурнуваше.” |
|
| 24 |
|
| И го славеа Бога во мене. |
|
|
|
|