Ова се зборовите што му ги кажа Мојсеј на сиот Израил од онаа страна на Јордан во пустињата на запад спрема Суф, меѓу Фаран и Тофол, Ловон и Авлон и рудниците на злато;
На четириесеттата година, на единаесеттиот месец, во првиот ден од месецот, им кажа Мојсеј на сите синови Израилеви сѐ, што му беше заповедал Господ за нив.
свртете се и кренете, па влезете во гората на Аморејците и при сите нивни соседи, по рамнината, по планините и на југ и во приморската земја Хананска и во Антиливан, дури до големата река, реката Еуфрат!
Ете, ви ја давам таа земја, одете, земете ја земјата во наследство, која Господ со клетва им вети дека ќе им ја даде на татковците ваши – на Авраама, Исака и Јакова, ним и на потомството нивно.‘
И зедов од вас мажи мудри, разумни и искусни, и ги поставив за началници над вас: илјаданачалници, стоначалници, педесетначалници, десетначалници и записничари кај судиите ваши.
И им заповедав на судиите ваши во тоа време, и реков: ‚Ислушувајте ги браќата свои и судете справедливо како човек спрема брат, така и неговиот придојден;
Во судот не правете разлика меѓу лицата, ислушувајте го и малиот, и големиот: не плашете се од лицето човечко, бидејќи судот е Божји; а ако имате дело, кое е тешко за вас, обрнете се до мене, и јас ќе го ислушам.‘
И откако тргнавме од Хорив, одевме по целата таа голема и страшна пустиња, што ја видовте, по пат кон Аморејската планина, како што беше заповедал Господ, нашиот Бог, и стигнавме во Кадис-Варни.
ете, Господ, Бог ваш, ви ја предаде оваа земја; штом ќе влезете, земете ја во владение, како што им рече Господ, Бог на вашите татковци: не бојте се и се плашете!‘
Но вие сите дојдовте при мене и рековте: ‚Да испратиме пред нас луѓе, да ја разгледаат земјата и да ни донесат известување за патот по кој ќе одиме, и за градовите, во кои ќе влеземе.‘
и возроптавте во шаторите свои, велејќи: ‚Господ, од омраза спрема нас, ни изведе од земјата Египетска, за да нѐ предаде во рацете на Аморејците и да не истреби;
како ќе одиме? Вашите браќа ве обесхрабрија, велејќи: »оној народ е поголем, поброен и посилен од нас, таму градовите се поголеми и оградени со ѕидови до небеса, па и луѓе исполини видовме таму.«‘
И во оваа пустиња, како што видовте, Господ, Бог твој те пазеше, како што човек го пази синот свој, по целиот пат, по кој минавте, додека стигнавте на ова место.‘
и децата ваши, за кои говоревте, дека ќе станат плен на непријателите, и синовите ваши, кои засега не знаат што е добро, и што зло, тие ќе влезат таму, ним ќе им ја дадам, и тие ќе ја наследат.‘
Вие одговоривте тогаш и ми рековте: ‚Згрешивме пред Господа, нашиот Бог; ќе одиме и ќе се бориме како што ни беше заповедал Господ, Бог наш.‘ И вие го опашавте секој бојното оружје свое, па се собравте и се искачивте на планината.