БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Ова се зборовите што Мојсеј му ги упати на сиот Израел отаде Јордан, во пустината, во Араб спроти Суф, меѓу Фаран и Тофел, Лавон, Асирот и Дизав - |
| 2 |
| од Хорив до Кадис-Варниј, преку Синајската Гора, на единаесет денови одење. |
| 3 |
| Тоа беше во четириесеттата година, во првиот ден на единаесеттиот месец, кога Мојсеј им кажа на Израелците сè што му нареди Господ за нив. |
| 4 |
| Откако ги порази аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, и васанскиот цар Ог, кој живееше во Астарот и во Едраи, |
| 5 |
| значи од онаа страна на Јордан, во Моавската Земја, Мојсеј почна да го кажува овој Закон, и рече: |
| 6 |
| „Господ, нашиот Бог, ни рече на Хорив: ‘Доста престојувавте на оваа гора. |
| 7 |
| Тргнете на пат! Отидете во планинскиот крај на Аморејците и на сите нивни соседи, во Араб, во Горјето, во Долините и во Негев, на морскиот брег, и во Ханаанската Земја и во Ливан, сè до Големата Река, до реката Еуфрат. |
| 8 |
| Ете, пред вас ја ставам оваа земја. И така, отидете и заземете ја земјата за која Господ им се заколна на вашите татковци, на Авраама, на Исака и на Јакова, дека ќе им ја даде ним и на нивното потомство по нив.’ |
| 9 |
| Тогаш ви реков: ‘Не можам да ве водам сам. |
| 10 |
| Господ, вашиот Бог, толку ве размножи што денес ве има колку и ѕвезди на небото. |
| 11 |
| Господ, вашиот Бог, нека ве умножи уште илјадапати! Нека ве благословува како што вети! |
| 12 |
| Ама, како би можел јас да го носам сам вашиот товар, вашето бреме и вашите спорови? |
| 13 |
| Заради тоа изберете од вашите племиња умни, искусни и угледни луѓе, за да ви ги поставам за главатари.’ |
| 14 |
| Вие ми одговоривте: ‘Добро е тоа што го предлагаш.’ |
| 15 |
| Затоа ги зедов првенците од вашите племиња, умни и угледни луѓе, па ги поставив за главатари: за илјадници стотници, педесетници, десетници и за ваши племенски надгледувачи. |
| 16 |
| Во тоа време им наложив и на вашите судии: ‘Сослушајте ги своите браќа; судете праведно меѓу човекот и неговиот брат или придојденикот. |
| 17 |
| Немојте да бидете пристрастни во судењето; сослушувајте го малиот како и големиот. Не бојте се од никого! Па судот е Божји! Ако некој случај ви биде претежок, изнесете го пред мене, за да го разгледам јас.’ |
| 18 |
| Така тогаш ви наложив сè што треба да правите.” |
| 19 |
| „Тргнавме од Хорив и, на патот кон горските краеви на Аморејците, како што ни нареди Господ, нашиот Бог, ја поминавме сета онаа голема и страшна пустина што ја видовте. Стигнавме во Кадис-Варниј. |
| 20 |
| Тогаш ви реков: ‘Дојдовте во горскиот крај на Аморејците, што Господ, нашиот Бог, ни го дава. |
| 21 |
| Ете, Господ, твојот Бог, ја стави пред тебе таа земја. Стани! Заземи ја, како што им рече Господ, Бог на твоите татковци. Не бој се! Не стравувај!’ |
| 22 |
| Тогаш сите дојдовте кон мене и рековте: ‘Да испратиме пред себе луѓе за да ја согледаат земјата и за да ни јават за патот по кој ќе одиме и за градовите во кои ќе дојдеме.’ |
| 23 |
| Ми се видоа добри зборовите што ги рековте. Затоа зедов дванаесет луѓе од меѓу вас, по еден од секое племе. |
| 24 |
| Тргнаа кон гората, стигнаа до Есхолската Долина па го извидија крајот. |
| 25 |
| И набраа плодови од онаа земја, ги донесоа кај нас и јавија: ‘Земјата што ни ја дава Господ, нашиот Бог, е добра.’ |
| 26 |
| Ама вие не сакавте натаму; се побунивте против наредбите на Господа, својот Бог. |
| 27 |
| Викавте во своите шатори и велевте: ‘Во својата омраза кон нас, Господ нè изведе од Египетската Земја за да нè предаде во рацете на Аморејците, за да нè уништат. |
| 28 |
| Каде да одиме? Нашите браќа нè обесхрабрија, кога рекоа: „Народот е и поголем и посилен отколку ние; градовите се големи и нивните ѕидови стигаат до небесата. А видовме таму и Енакови потомци.”‘ |
| 29 |
| ‘Не бојте се! - ви реков. Не плашете се од нив! |
| 30 |
| Господ, нашиот Бог, Кој оди пред вас, ќе се бори за вас како што го направи пред вашите очи во Египет. |
| 31 |
| Освен тоа, виде и во пустината, каде Господ, твојот Бог, за време на целиот пат што го поминавте додека не стигнавте на ова место, ве носеше како што човек го носи своето синче.’ |
| 32 |
| Но, и покрај тоа, вие не Му поверувавте на Господа, својот Бог, |
| 33 |
| во Оној, Кој, при патувањето, одеше пред вас за да ви побара место за оптегање на шаторите - цела ноќ во оган за да ви го осветлува патот по кој ќе одите, а цел ден во облак.” |
| 34 |
| „Господ ја чу вашата врева и се заколна во Својот гнев: |
| 35 |
| ‘Ниеден единствен од овие луѓе, од ова опако поколение, не ќе ја види оваа добра земја за која се заколнав дека ќе им ја дадам на вашите татковци. |
| 36 |
| Освен Халев, синот Ефониев. Тој ќе ја види; нему и на неговите потомци ќе им ја дадам земјата низ која одеше, зашто верно го следеше Господа.’ |
| 37 |
| Заради вас Господ се налути и на мене па ми рече: ‘Ни ти нема да влезеш онаму. |
| 38 |
| Онаму ќе влезе само Исус, синот Навинов, кој ти служи. Охрабри го ти него, зашто тој ќе го воведе Израел во неговото наследство. |
| 39 |
| А и вашите мали деда, за кои рековте дека ќе станат робови, вашите синови кои не знаат да го разликуваат доброто и злото, тие ќе влезат во неа; ќе им ја дадам ним во сопственост. |
| 40 |
| А вие завртете се и запатете се во пустината, кон Црвеното Море!’ |
| 41 |
| Вие тогаш ми одговоривте со зборовите: ‘Согрешивме против Господа. Ќе тргнеме горе и ќе се бориме како што ни заповеда Господ, нашиот Бог.’ Секој од вас го грабна своето оружје и непромислено тргна горе во планините. |
| 42 |
| Тогаш Господ ми рече: ‘Кажи им: „Не одете горе и не стапувајте во борба, за да не ве поразат вашите непријатели, зашто Јас не Сум меѓу вас.”‘ |
| 43 |
| Така и ви зборував, но не послушавте. Вие и се спротививте на Господовата заповед и, полни со дрскост, тргнавте кон планината. |
| 44 |
| Но Аморејците, кои живееја во гората, удрија на вас, ве збркаа, по вас се нафрлија како пчели, па ве поразуваа од Сир до Орма. |
| 45 |
| Откако се вративте, плачевте пред Господа, ама Господ не го слушаше вашето лелекање, ниту го сврте Своето уво кон вас. |
| 46 |
| Во Кадис требаше да останете долго време, онолку колку што веќе останавте таму.” |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/deuteronomy/001.mp3
34
1