Од преживарите или од животните со раздвоени копита само овие не смеете да ги јадете: камилата, зајакот и питомиот зајак. Имено, па иако преживаат немаат раздвоени копита, нека бидат нечисти за вас.
Не смеете да јадете ништо што ќе пцовиса. Дај му го тоа на придојденикот кој престојува во твоите градови нека јаде, или пак продај му го на туѓинецот. Зашто ти си народ посветен на Господа, својот Бог. Не вари го јарето во млекото на неговата мајка.”
А тогаш јади го десетокот од своето жито, од своето вино, од своето масло и од првината на својот крупен и ситен добиток во присуство на Господа, својот Бог, на местото што Тој ќе го избере за да го настани таму Своето Име; за да се научиш така да се боиш секогаш од Господа, твојот Бог.
Ако ти биде патот предолг, па не можеш да го донесеш десетокот - зашто е премногу далеку од тебе местото што Господ го избра за да го настани во него Своето Име - тогаш, кога Господ, твојот Бог, ќе те благослови,
Тогаш купи за сребрениците што сакаш: говедо, ситно животинче, вино или опоен пијалак - што ќе ти посака душата. Таму во присуство на Господа, својот Бог, јади и весели се ти и твоите домашни.
Па нека дојде левитот - зашто нема дел ни наследство со тебе - придојденикот, сиракот и вдовицата, кои живеат во твојот град, и нека јадат и нека се наситат. Така ќе те благословува Господ, твојот Бог, во сите работи што ќе ги преземе твојата рака.”