Кога Господ, твојот Бог, ќе ги истреби народите, замјата нивна што ти ја дава Господ, твојот Бог, и ја наследиш по нив, и се населиш во градовите нивни, и куќите нивни,
оној што ќе отиде со другарот свој во шума да собира дрва, па му се слизне раката со секирата, за да пресече дрво, и испадне острицата од дршката, го погоди другарот негов, и тој умре, – таков нека се засолни во еден од тие градови, за да остане жив,
за да не го подгони одмаздникот за крв со разјарено срце убиецот и да го стигне, па, ако патот биде долг, и го убие, но тој не смее да се осуди на смрт, бидејќи не му бил непријател ни вчера, ни завчера;
Кога пак Господ, твојот Бог, ќе ги рашири твоите граници, како што се беше заколнал на татковците твои, и ти ја даде сета земја, што им ја беше ветил на татковците твои,
ако се трудиш да ги исполнуваш сите овие заповеди, што денес ти ги заповедам, да Го сакаш Господа, твојот Бог, и да одиш по Неговите патишта во сите денови, – тогаш кон тие три града додај уште три града,
Но ако има некој човек при тебе непријател на ближниот свој и го начека, па се нафрли на него и го истепа така, што тој умре, и избега во еден од оние градови,
Не ја преместувај меѓата на пределот од ближниот свој, поставена од татковците твои во твоето наследство, што си го добил во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава тебе со жреб.
Не е доволен еден сведок против човек за каков и да било обид, престап или некој грев, со кој згрешил: при сведочењето на двајца сведоци, или со зборовите на тројца сведоци се донесува решение.
Да не го поштеди окото твое: душа за душа, око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога. Каква штета некој ќе му направи на ближниот свој, таква да му се врати.