„Кога некој ќе земе жена и ќе постапи со неа како маж, а потоа открие на неа нешто неубаво, па таа веќе не наоѓа милост во неговите очи, и тој и напишува разводно писмо, и го дава во раката и ја истерува од својата куќа.
тогаш, бидејќи така се онечистила, не може пак да ја земе оној прв маж, кој ја беше отпуштил. Тоа би било одвратно пред Господа, и не смееш да ја вовлекуваш во грев земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство.
Ако некој штотуку се оженил, нека не оди во војската; нека не му се доделува никаква служба, туку ослободен, нека остане дома една година, за да ја развеселува жената што ја довел.
Ако се најде некој да грабне некого од своите браќа Израелци па постапува со него како со роб или ако го продаде, тој грабнувач нека биде погубен! Така ќе го откорнеш злото од својата средина.
при зајдисонце треба да му го вратиш залогот, за да може тој да спие во својата наметка и да те благословува тебе. Тоа ќе ти биде добро дело пред Господа, твојот Бог.
Кога жниеш жито на својата нива па заборавиш некој сноп на нивата, не се враќај по него; нека остане на придојденикот, на сирачето и на вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во секој потфат на твоите раце.