Кога браќата живеат заедно, и едниот од нив умре без пород, жената на умрениот не смее да се омажи за надворешен човек, но деверот нејзин треба да влезе при неа, да ја земе за жена и да живее со неа, –
Ако, пак, тој не посака да ја земе за жена снаата своја, тогаш снаата негова да отиде кај портата пред старешините и да каже: »братот на мојот маж не сака да го подигне името на братот свој во Израилот, не сака да се ожени со мене.«
тогаш снаата негова нека дојде при него пред очите на старешините, да собуе еден чевел од неговата нога, да го плукне в лице и да каже: »така се постапува со човек, кој не го подига домот на братот свој во Израилот«;
Кога се тепаат меѓусебе двајца мажи, и жената на едниот од нив се приближи за да го отргне мажот свој од оној што го бие, и, откога ќе ја испружи раката своја, го фати за слабините,
мерило да имаш верно и праведно, и мерка да имаш точна и праведна, за да ти се продолжат деновите на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел;
И така, кога Господ, твојот Бог, ќе те успокои од сите твои непријатели, што се околу тебе на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел за да ја наследиш, избриши го името на Амалик под небото; да не заборавиш.