земи ги првините од плодовите на земјата твоја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, стави ги во кошница, и оди на она место, кое Господ, твојот Бог, ќе го одбере, за да се призива вечно името Негово таму;
потоа оди при свештеникот, што се затекол во тие денови и кажи му: ‚денес изјавувам пред Господа, мојот Бог, дека влегов во земјата, за која Господ им се заколна на татковците наши дека ќе ни ја даде.‘
Ти, пак, одговори и кажи пред Господа, твојот Бог: ‚мојот татко ја напушти Сирија и отиде во Египет и се насели таму со мал број луѓе, и од него произлезе таму народ голем, силен и многуброен.
И така, ете, ги донесов првините од плодовите на земјата, која Ти, Господе, ми ја даде, земјата, каде што тече мед и млеко.‘ Стави го тоа пред Господа, твојот Бог, поклони се пред Господа, твојот Бог,
Кога ќе ги одделиш сите десетоци од плодовите на земјата твоја во третата година, втората десетина дај ја на левитот, на придојдениот, на сиромавиот и на вдовицата, за да јадат во градовите твои и да се наситуваат.
Тогаш кажи пред Господа, твојот Бог: ‚изнасобравме сѐ, што е свето во домот мој, и го дадов на левитот, придојдениот, сиромавиот и вдовицата, според сите Твои заповеди, како ми заповеда: јас не направив престап спрема Твоите заповеди и не ги заборавив;
во тагата не јадев од нив, ниту одделив од нив за нечиста потреба, ниту дадов од нив за умрено; го послушав гласот на Господа, мојот Бог, исполнив сѐ како што ми заповеда Ти.
Погледни од небото од Твојот свет храм и благослови го народот Свој, Израилот, и земјата, што ни ја даде, како што им се заколна на татковците наши дека ќе ни ја дадеш, земјата, во која тече мед и млеко.‘
Денес си Го избрал Господа, Он да ти биде твој Бог, дека ти ќе одиш по Неговите патишта и ќе ги почитуваш наредбите Негови и ќе го слушаш гласот Негов;
и дека Он ќе те постави погоре од сите народи, што ги создал прочуен, фален и славен, и дека вие ќе Му бидете свет народ на Господа, вашиот Бог, како што беше рекол.«