БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Павле, апостол на Христа Исуса по повелбата на Бога, нашиот Спасител, и на Христа Исуса, нашата надеж, |
| 2 |
| до Тимотеј, вистинското чедо во верата: благодат, милост и мир од Бог Таткото и Христа Исуса, нашиот Господ. |
| 3 |
| Како што те молев, кога одев во Македонија, да останеш во Ефес, за да им заповедаш на некои да не поучуваат поинаку |
| 4 |
| и да не обрнуваат внимание на митови и бескрајни родословија, кои повеќе ги поттикнуваат препирањата, отколку поткрепата на Божјата управа, која е по верата. |
| 5 |
| А целта на наредбата е: љубов од чисто срце, и добра совест и нелицемерна вера, |
| 6 |
| од што некои откако не ја постигнаа целта, застранија во празни зборови - |
| 7 |
| сакајќи да бидат учители на Законот, иако не го разбираат ни она што го зборуваат, ни она што го тврдат упорно. |
| 8 |
| Ние пак знаеме дека Законот е добар, ако некој го применува законски, |
| 9 |
| знаејќи го ова: дека законот не е воспоставен за праведникот, туку за беззакониците и непокорните, за безбожниците и грешниците, за несветите и нечистите, за убијците на татковци и убијците на мајки; за оние кои убиваат луѓе; |
| 10 |
| за блудниците - и за мажи кои се полово изопачени, за трговците со робови, за лажливците, за лажнозаколнувачите и за сè друго што и е противно на здравата наука, |
| 11 |
| според славното Евангелие на блажениот Бог, кое ми е доверено мене. |
| 12 |
| Му благодарам на Христа Исуса, нашиот Господ, Кој ми даде сила за тоа, зашто ме сметаше верен и ме постави на служба, |
| 13 |
| мене, кој порано бев хулител, и гонител, и насилник. Но добив милост, зашто го правев тоа од незнаење и неверување. |
| 14 |
| А благодатта на нашиот Господ, со верата и љубовта изобилуваше во Христа Исуса. |
| 15 |
| Верно е словото и достојно - за полно примање: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, од кои сум прв јас. |
| 16 |
| А добив милост токму затоа, за да ја покаже Христос Исус, прво во мене, сета своја трпеливост, за пример на оние, кои ќе веруваат во Него за вечен живот. |
| 17 |
| На Царот на вековите - бесмртниот, невидливиот, единствениот Бог - чест и слава во сите векови Амин! |
| 18 |
| Оваа заповед ти ја предавам, чедо Тимотеј, согласно поранешните пророштва за тебе: за да војуваш добра војна, |
| 19 |
| имајќи вера и добра совест, кои некои ја отфрлија и претрпеа бродолом на верата. |
| 20 |
| Меѓу нив се Именеј и Александар, кои ги предадов на сатаната, за да научат да не хулат. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/1timothy/001.mp3
6
1